Менаџмент во осигурувањето


Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

 Знаење и разбирање:

  • Стекнување на знаења и способности кои ќе овозможат успешно соочување со постојните промени и предизвици од областа на менаџментот во осигурувањето и со се посложеите услови на донесување деловни одлуки во динамичната бизнис клима во 21 век.
  • Оспособување на менаџерите за донесување на одлуки од областа на менаџментот во осигурувањето.
  • Создавање на менаџери со ефикасни аналитички способности за управување со ризикот во осигурувањето.
  • Зголемување на свеста за важноста на менаџменто во осигурувањето и за неговиот придонес во општеството.

  Примена на знаењето и разбирањето:

  • Способност за управување со ризикот од осигурувањето.
  • Способност за дијагностицирање на проблеми и донесување на одлуки од областа на менаџментот во осигурувањето.
  • Способност за генерирање  нови идеи и решенија.

Способност за проценка:

  • Способност за решавање на проблеми од областа на микро и макро економијата.
  • Практична примена на стекнататите напредни знаења од финансиска и актуарска математика.
  • Способност за користење на теоријата и моделите на веројатноста.
  • Управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва.
  • Способност за користење на современи информациски и сметководствени системи.

Комуникациски вештини:

  • Развивање и унапредување на способности за тимска работа.
  • Способност за лидерство и комуникација применливи во претпријатија од секторот на осигурувањето.
  • Способност за развивање и унапредување на тимска работа.

Вештини на учење:

  • Развива способност за сопствена промоција во академската и бизнис заедницата.
  • Покажува способност за независна идентификација на своите лични потреби и интерес за континуирана едукација и професионален развој.
  • Дизајнира стратегија и планови за промоција на личниот интелектуален развој.

 

Цели

 

 

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Менаџмент во осигурувањето е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурувањето и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена. 

 

 

Понатамошни студии


Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

 

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MO 502 Осигурување 40 7,00 Игор Ивановски
MO 503 Статистика во осигурувањето 40 7,00 Славе Ристески

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MO 501 Менаџмент 40 7,00 Бобек Шуклев
MO Магистерски труд 40 16,00
MO 504 Финансиска и актуарска математика 40 7,00 Драге Јанев; Игор Ивановски

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MO 505 Избрани проблеми од микро и макро економија 40 7,00 Таки Фити
MO 506 Финансиски и фискален систем 40 7,00 Михаил Петковски
MO UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MO 507 Информациски технологии во осигурувањето 40 7,00 Сашо Јосимовски
MO 508 Анализа на финансиските извештаи во осигурителните компании 40 7,00 Љубиша Јаневски