Студиски програми

Финансиски менаџмент


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MGT 220 Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) 1 40 8,00
Предавачи
Сашо Арсов

Опис на предметот

Намерата на наставата по предметот е на студентите да им се пренесат основните сознанија од областа на управувањето со финансиските средства во рамките на претпријатието, да им овозможи да го разберат процесот на финансиското одлучување, како и да го интерпретираат влијанието кое финансиските одлуки ќе го имаат врз создавањето на вредноста на компанијата. Во тие рамки, на почетокот посебно внимание ќе им биде посветено на дефинирањето на целите на финансискиот менаџмент, финансиската анализа и планирање, како и на основните финансиски концепти. Понатаму, материјата опфаќа разработка на долгорочните и краткорочните извори на финансисрање, како и на долгорочните и краткорочните финансиски одлуки, за на крајот да се обработат дивидендното одлучување и преструктурирањето на компаниите преку спојувања и преземања. Преку изучување на утврдените теоретски сознанија и со користење на практични примери и индивидуален ангажман во решавањето на конкретни проблеми, студентите треба да бидат оспособени за идно активно вклучување во реализацијата на задачите од финансиската сфера во современото деловно окужување.

 

Содржина на предметот:

  1. Pretprijatieto, kapitalot i finansiskiot menaxment
  2. Finansiska analiza i finansisko planirawe
  3. Osnovni finansiski koncepti
  4. Dolgoro~ni finansiski odluki (финансирање и инвестирање)
  5. Ризик, принос и основи на портфолио менаџментот.
  6. Kratkoro~ni finansiski odluki (финансирање и управување со обртни средства)
  7. Tro{ok na kapitalot, liverix i структура на капиталот.
  8. Дивидендна политика.
  9. Спојувања, преземања и други облици на преструктурирање.

 

Потребна литература

Основна литература:

  • Д-р Сашо Арсов: Финансиски менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2008.

Дополнителна литература:

  • Блок, Стенли, Џефри Хирт, Основи на финансискиот менаџмент, МcGraw-Hill Irwin, 2008, (превод на македонски јазик).

 

Цели на наставата

Целта на наставата по предметот Финансиски менаџмент е да ги оспособи студентите:

1. Да изработат финансиска анализа за една компанија, да ги интерпретираат добиените финансиски показатели и да дадат сопствена оценка за финансиската состојба на компанијата или на одделни нејзини аспекти;

2. Да ги изработат и користат финансиските плански документи како основа за донесување финансиски одлуки;

3. Да ги применуваат техниките за оценка на ефикасноста на капиталните вложувања и да ја проценат ефикасноста на предложените инвестициски проекти.

4. Да ги разбираат карактеристиките на одделните видови долгорочни хартии од вредност како извори на финансирање на претпријатието и да ја утврдат нивната вредност;

5. Да умеат да ја утврдат цената на капиталот на одделните извори на финансирање, како и просечниот трошок на капиталот користејќи ги општо прифатените концепти за вреднување

6. Да ги анализираат и препознаваат ефектите на одделните видови дивидендна политика врз остварувањето на целите              на финансискиот менаџмент, во согласност со теоретските поставки и докажаните практични импликации