Студиски програми

Финансиски пазари


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MFB 516 Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) 40 7,00
Предавачи
Михаил Петковски

Предметот има за цел да ги запознае студентите со најважните поими и категории од следниве области: функции на финансиските пазари, видови финансиски пазари, пазар на капитал, пазар на пари, хипотекарен пазар, финансиски деривативи. Со тоа, преку аналзиата на идното развивање на финансиските пазари, студнетите ќе можат да дадат оценка за важноста на постењето и функционирањето на видовите на финансиските пазари.

Клучни зборови: функции на финансиски пазари, пазар на капитал, пазар на пари, финансиски деривативи.

 

СОДРЖИНА

  • Концепт, видови и еволуција на финансискиот пазар
  • Финансиски посредници на финансискиот пазар
  • Пазар на пари
  • Пазар на капитал
  • Опциони, термински и фјучерс пазари
  • Меѓународни девизни и кредитни пазари.
  • Регулација на финансиските пазари

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна:

1. Mishkin Frederic, The Economics of Money, Banking and Financial Markets, Addison-Wesley, New York, 2008. 

2. Петковски    М., Финансиски пазари и институции, Економски факултет - Скопје, 2009                                  

Дополнителна

Најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на студентите и одобрени од страна на професорот.

1. Rose Peter, Commercial Bank Management, Irwin McGraw Hill, Boston, 2001.

2. Saunders Anthony, Financial Institutions Management: A Modern Perspective, Irwin Mc Graw Hill, Boston, 2007.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • да стекнат детални  познавања на начините на кои функционираат различните видови финансиски пазари(девизен пазар, пазар на пари, пазар на капитал, итн.).
  • да ги анализираат одделните видови  финансиски институции кои работат на овие пазари, како и финансиските инструменти кои претставуваат материјал за тргување на пазарите.
  • да се здобијат со глобален пристап во изучувањето на финансиските пазари преку изучување на современите процеси на глобализација и интернационализација на финансиските пазари.
  • да ги запознаат специфичните карактеристики и начинот на функционирање на македонските финансиски пазри.
  • да ги познаваат практичните прашања со кои се соочуваат финансиските менаџери и да се здобијат со способност да решаваат проблеми со кои тие се судруваат за време на нивното работење на финансиските пазари.