Монетарна анализа
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
MFB 517
|
Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии)
|
40
|
7,00
|
Предметот Монетарна анализа ги обработува концептите, елементите и моделите на анализа на монетарните движења во економиите.Посебен акцент се става на поврзаностите помеѓу макроекономските сметки и на анализата на креирањето на монетарните агрегати во Република Македонија.
Клучни зборови: монетарни сметки, понуда на пари, побарувачка на пари, макроекономски сметки, монетарни агрегати
СОДРЖИНА
- Опфат и рамка на монетарната анализа
- Основни елементи на монетарна анализа
- Монетарна статистика/сметки
- Поврзаности помеѓу макроекономските сметки
- Креирање на монетарните агрегати
- Дерерминанти на понудата и побарувачката на пари
- Модели на монетарна анализа
- Монетарната анализа во Република Македонија
ЛИТЕРАТУРА:
Основна:
- Ѓорѓи Гоцков, Интегрирани макроекономски сметки и случајот на Република Македонија, Скопје, Економски факултет, 2011
- Љубе Трпески, Монетарна економија, Скопје, Економски факултет, 2009
- Ѓорѓи Гоцков, Методологија за следење и анализа на финансиските текови во Република Македонија, Скопје, Економски факултет, 2009
- Frederic S. Mishkin, The Economics of Money, Banking and Financial Markets, Prentice Hall, 2012
Дополнителна:
- Горан Петрески, Mонетарна политика, теорија и искуство на Македонија, Коста Абраш АД Охрид, 2005
- Анета Наумовскa-Крстевска, Трансмисиониот механизам на монетарната политика и ефикасноста на банкарскиот систем – со посебен осврт на Република Македонија, НБРМ, 2000
- Leo de Haan, Анета Наумовска, Marga Peeters, МАКМОДЕЛ – макро-економетриски модел на Република Македонија, НБРМ, 2001
- Lukas D. Papademos, Jurgen Stark, Enhancing Monetary Analysis, ЕЦБ, 2010
- Hans-Joachim Klockers, Caroline Willeke Monetary Analysis: Tools and Application, ЕЦБ, 2001
ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни за:
- Анализирање на движењата и промените во понудата и побарувачката на пари
- Разбирање на начинот на монетарно планирање кое го применуваат централните банки
- Осознавање и анализирање на трансмисиониот механизам на монетарната политика
- Познавање и примена на современите методи и техники на монетарната анализа
- Разбирање на методолошките основи за изготвување на монетарните сметки