Студиски програми

Инвестиционен менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MFB 519 Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) 40 7,00
Предавачи
Методија Несторовски

Предметот инвестиционен менаџмент е дизајниран да даде сознанија за макроекономскиот поглед и анализа на инвестициите и нивната поврзаност со економскиот раст и развој. Преку овој пристап на проблематиката на инвестициите, предметната програмата нуди теориски и апликативни сознанија од областа на инвестициите на ниво на економија. Акцент се става на начинот на формирање на капиталот во економијата, а тука особено на странските директни инвестиции. Изучувањето на benefit-cost анализата за проекти од јавен сектор е особена вредност која ќе ја стекнат студентите кои ќе го изучуваат овој предмет.

Клучни зборови: инвестиции, странски директни инвестиции, економски раст, ризик на земја

 

 

СОДРЖИНА

  • Инвестициите како аналитичка економска категорија - аналитичката вредност за макроекономската анализа на развојот. Категориите инвестиции како методолошки инструментариум за економска анализа.
  • Мотивите и детерминантите на инвестирањето. Теориите за обемот и динамиката на инвестициите (класичната теорија, теорија на акцелераторите, теории на рационални очекувања, Тобинова теорија за инвестициите , мотивите за инвестирање во менаџерските теории).
  • Инвестициите и растот- инвестиционите функции.
  • Изворите и финансирањето на инвестициите. (Основни и дополнителни, домашни и странски, оптимизација на трошокот на инвестираните средства).
  • Странските директни инвестиции – современи процеси, детерминантите, развојните ефекти и политики.
  • Инвестиционен  биланс. Капитална сметка.  Билансот на меѓународната инвестициона позиција на земјата
  • Оценка на економската ефективност на инвестициите на ниво на земја. Капитални коефициенти – методолошки и апликативни  аспекти  на анализата.
  • Benefit-Cost анализа при вреднувањето на проекти од широко општествено значење (општи развојни проекти, инфраструктурни проекти  и проекти од јавниот  сектор).
  • Country risk и инвестиционата клима (некои најпознати пристапи за мерење во конкретна земја).

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Проф. д-р Методија Несторовски: “Економија на инвестициите”, учебник, Економски факултет, Скопје, 2010

         

Дополнителна:

  • Charls Hill, Меѓународен бизнис – превод, McGraw Hill/Irwin, 2010
  • Ромер, Напредна економија, McGraw Hill/Irwin, 2001
  • N. Gregory Mankiw, Principles of Economics, Pearson Addison Wesley, Toronto, 2009
  • Guide to Cost-Benefit analysis on investment projects, (Strictural fonds) European Comission, 2007
  • WIR, UNCTAD, 1998 -2010  (студиите за СДИ)
  • Програма за поттикнување на инвестициите во Р. Македонија.

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма по инвестиционен менаџмент е да им овозможи на студентите исклучителни познавања за инвестициите како клучна варијабла на економскиот раст. Согласно со ова студентите треба да бидат способни за продлабочена макроекономска анализа. Во исто време, предметната програма треба да им овозможи на студентите познавања за процесот на инвестирање на ниво на претпријатие. Со помош на добро познавање на алатките на benefit-cost анализата на инвестиционите проекти од јавен карактер,студентите како идни менаџери треба да бидат способни за носење на вистинска инвестициска одлука. Со помош на добро познавање на алатките во доменот на економско – финансиска анализа на инвестиционите проекти,студентите како идни менаџери треба да бидат способни за носење на вистинска инвестициска одлука и со тоа и раст и развој на компанијата во која ќе работат во иднина.

Поконкретно, студентите ќе имаат знаења, способност анализа и инвестиционо одлучување, а особено ќе ги владеат следниве проблеми во доменот на  инвестициите:

  1. Да стекнат пошироко знаење за економските теории на инвестициите и нивната поврзаност со монетарните агрегати, штедењето и развојот;
  2. Да ги изучат методолошките инструменти за подготовка на анализи за изворите на инвестициите и подготовката на инвестиционите биланси;
  3. Да се оспособат за подготовка на макроекономии анализи и проекции за инвестициите;
  4. Да се стекне теоретско и методолошко знаење за оценка на економската ефикасност на инвестиционите проекти.