Студиски програми

Современи монетарни концепции


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MFB 512 Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) 40 7,00
Предавачи
Михаил Петковски

Основната цел на студиската програма е студентите да се здобијат со знаења од следниве области: теории за парите; функции на парите, монетарна политика, правила и дискреција, монетарната политика во современите економски школи. За таа цел, во текот на изучувањето на предметот, студентите ќе можат да ги осознаат клучните концепти на главните макроекономски школи. Преку анализа на клучните рализки помежу нив, студентите ќе имаат прилика да дадат одовор на прашањата поврзани со водењето на фискалнта и монетарната политика преку моделите на IS-LM и AS-AD концептите.

Клучни зборови: функции на парите, економски школи, монетарна политика, фискална политика, IS-LM, AS-AD.

 

СОДРЖИНА

  • Вовед во улогата и влијанието на парите
  • Еволуција и преглед на главните економски школи
  • Класичната школа
  • Кејнзијанската револуција и неокласичната синтеза
  • Новата класична макроекономија
  • Новите кејнзијанци
  • Макроекономија на чистењето на пазарите - анализа на класичните економски циклуси
  • Макроеконoмија на ценовната ригидност и ригидноста на платите: Кејнзијанизам
  • Невработеност и инфлација
  • Девизните курсеви, економските циклуси и макроекономските политики во услови на  отворена економија
  • Координација помеѓу монетарната и фискалната политика

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна:

  • Abel B. Andrew and Ben S. Bernanke, Macroeconomics, Addison-Wesley Longman, 2009.
  • Abel B. Andrew and Ben S. Bernanke, Макроекономија, 2007. (превод на македонски јазик).      

Дополнителна:
Најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на студентите и одобрени од страна на професорот.

  • Michael Burda and Charles Wyplosz, Macroeconomics, 5th edition, Oxford University press, 2009. 
  • Бурда Мајкл и Чарлс Виплош, Макроекономија, Академски печат, Скопје, 2009.
  • Милутин Ќировиќ, Монетарна економија, (повеќе изданија), Економски факултет, Белград.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

  • да се запознаат со релевантните современи  макроекономски и монетарни теории.
  • да можат да анализираат како парите влијаат  на клучните реални (невработеност, производство) и  номинални варијабли (каматни стапки, девизен курс, инфлација).
  • да разберат како монетарната и економската политика воопшто, можат  да дејствуваат  во насока на подобрување на карактеристиките на една национална економија (соборување на инфлацијата, стабилизирање на осцилациите на аутпутот, постигнување на  растеж на ниво на потенцијалниот, итн.).
  • да стекнат сеопфатни познавања за водечките светски макроекономски  теории: неокејнзијанизмот, монетаризмот и школата на рационални очекувања.
  • да ги разберат механизмите на креирање на парите, практичните дефиниции на парите и моделите на побарувачка на пари.