Сметководство и ревизија (двегодишни студии)


На студиската програма на втор циклус студии – Сметководство и ревизија можат да се запишат студенти кои завршиле тригодишни додипломски студии или завршиле студиска програма од прв циклус според ЕКТС со вкупен број на 180 кредити.
Студиската програма на втор циклус студии – Сметководство и ревизија (двегодишни студии) е во траење од 4 семестри и вклучува изработка и на магистерски труд.

Структура на предметите е следната:

  1. Осум задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање (максимум 60% од вкупниот број предвидени предмети)
  2. Четири изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање (30% од вкупниот број предвидени изборни предмети од листата на Економски факултет - Скопје)
  3. Два изборни предмети (10% од вкупниот број предвидени предмети) од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.

 

Образовни цели

  1. Да обезбеди теоретска основа и практични вештини за осознавање и разбирање на барањата на извонредно комплексното и глобално сметководствено окружување;
  2. Да запознае со основните принципи на организацијата, различните пристапи на менаџмент контрола и современите методи и техники за интерно известување за резултатите на сметководството за менаџментот; 
  3. Осознавање на природата, содржината и формата на екстерното известување и одговорноста на раководството пред сопствениците и останатите корисници на финансиски информации (државните и регулаторни органи, кредиторите, деловните партнери, вработените, невладини и непрофитни организации и тн.);
  4. Помогне во разбирање на улогата на ревизорската професија во зголемување на кредибилитетот на финансиските извештаи на компаниите, државните претпријатија и институции, како и разбирање на нејзиниот придонес за подобрување на контролата и користењето на ресурсите;
  5. Да обезбеди дополнителни знаења од областа на финансиите и финансирањето на претпријатијата како и имплементацијата и користењето на компјутерски апликации за цели на екстерно и интерно известување.

 

 

Професионални цели

  1. Високо и специјализирано образование на кадар кој е заинтересиран за изградба на кариера во доменот на финансиското известување согласно барањата на МСФИ, ревизијата на финансиските извештаи на компаниите, интерната ревизија во банки и други финансиски и нефинансиски организации, државната ревизија, менаџмент, финансиски и даночен консалтинг, како и  останати професионални сметководствени услуги.
  2. Полесен пристап до членство во сметководствената и ревизорска професија во домашни и меѓународни рамки преку компатибилност на програмата со барањата на меѓународните образовни стандарди.

 

Во согласност со мисијата и целите на студиската програма од втор циклус студии по Сметководство и ревизија, студентите ќе се стекнат со следните генерички компетенции:

  • Способност за анализа, синтеза и критично истражување на податоци, факти и изнаоѓање на најповолно решение;
  • Способност за поврзување на теоретското и практичното знаење;
  • Способност за читање, разбирање и правилно толкување на меѓународната професионална регулатива;
  • Способност за применување и дејствување во согласност со меѓународната професионална регулатива и етика;
  • Сочинување на финансиски извештаи на сите компании, приватен и јавен сектор, како дел од нивните законски обврски.

Поконкретно, студентите ќе се стекнат и со следните специфични компетенции:

  • Сочинување на финансиски извештаи на ентитети од приватниот сектор во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување;
  • Сочинување на финансиски извештаи на единици од јавниот сектор во согласност со Меѓународните Сметководствени Стандарди за Јавен Сектор;
  • Сочинување на различни интерни извештаи и анализи во согласност со стратегијата на компаниите со цел донесување на правилни одлуки;
  • Анализирање на финансиските извештаи во насока на носење одлука било за кредитирање или за инвестирање во одредени компании;
  • Вршење ревизија на компании кои се обврзани со закон;
  • Вршење државна ревизија во сите корисници на Буџетот и единици на локална самоуправа;
  • Успешно водење на финансиите на ентитетите и носење на правилни финансиски одлуки;
  • Мерење на успешноста на ентитетите, нивната профитабилност и рентабилност давајќи насоки и препораки за подобрување на истите;
  • Користење на информативни системи како составен дел на современите трендови во сметководството;
  • Испитување на измами во рамките на ентитетите;
  • Воспоставување на сисием на интерни контроли и следење на нивното функционирање и давање препораки за нивно подобрување.

 

Способност за проценка:

  • Способен е да набљудува и идентификува важни состојби и трендови во интерното и екстерното окружување на претпријатието, да анализира и синтетизира и извлекува заклучоци за анализираните состојби и појави.
  • Развивање и унапредување на способности за тимска работа, способност за лидерство и комуникација применливи во различни претпријатија и ситуации;
  • Способен е да ги идентификува информационите потреби и  да  управува со информациите и знаењето во организациите со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности.

 

Комуникациски вештини

  • Способен и да комуницира со идеи и да се усогласува во тимска работа;
  • Способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

 

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските концепции, да аплицира техники и методологии во специфични научни подрачја и да ги идентификуваат потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • Поседува способност да партиципира во групни дискусии, критички да анализира теоретски и практични аспекти од работењето на претпријатијата, да изработува и да ги презентира изработените проекти;
  • Способен е знаењето да го изрази преку одговарање на различни типови прашања и да анализира конкретни студии на случај од бизнис практиката.
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
FIN 210 Финансиски пазари и институции 40 8,00 Михаил Петковски
ACC 511 Екстерно известување 40 7,00 Атанаско Атанасовски
ACC 513 Ревизија 40 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC 330 Корпоративно финансиско известување 40 8,00 Атанаско Атанасовски

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC 310 Управувачко сметководство 40 8,00 Марина Трпеска
ACC 430 Интерна Ревизија 40 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска

Семестар   3
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC 514 Анализа на финансиски извештаи 40 7,00 Зоран Миновски
ACC 512 Стратегиско сметководство на менаџментот 40 7,00 Марина Трпеска

Семестар   4
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC Магистерски труд 40 16,00
ACC-TN Теренска настава 40 6,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 310 Економија на инвестиции 40 8,00 Методија Несторовски
ACC 515 Мерење на резултати 40 7,00 Марина Трпеска
ACC 518 Испитување на измами 40 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 7,00
ACC UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 240 Менаџмент на човечки ресурси 40 8,00 Љупчо Ефтимов
MGT 130 Организациско однесување 40 8,00 Љубомир Дракулевски
ACC 516 Сметководствени информациони системи и технологии 40 7,00 Зоран Миновски
ACC 517 Државна ревизија 40 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
MST 310 Осигурување 40 8,00 Игор Ивановски
ACC 521 Оданочување 40 7,00 Михаил Петковски
ACC 522 Сметководство за државни и непрофитни организации 40 7,00 Зоран Миновски
ACC 523 Даночно сметководство 175 7,00 Атанаско Атанасовски
ACC 519 Финансиски менаџмент 40 8,00 Сашо Арсов; Александар Наумоски
FIN 410 Банкарски менаџмент 40 8,00 Горан Петревски