Студиски програми

Менаџмент на човечки ресурси


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 240 Сметководство и ревизија (двегодишни студии) 40 8,00
Предавачи
Љупчо Ефтимов

Проучувањето на наставната материја по предметот им овозможува на студентите да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, сфатено како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да се искористат на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следните аспекти на менаџментот на човечки ресурси : различните концепции на менаџментот на човечки ресурси, содржината, целите и задачите на менаџментот на човечи ресурси, положбата на менаџментот на човечки ресурси во функционирањето на организацијата, анализа на работата, планирање на човечките ресурси, обезбедување кандидати за нови работни места, селекција на човечките ресурси, воведување во работата, професионален развој на човечките ресурси, поттикнување на успешноста во работата, откривање на менаџерски потенцијали и способности, и менаџментот на човечките ресурси и работните односи.

 

Содржина

  • Стратешко управување и планирање на човечки ресурси
  • Работно место и анализа
  • Регрутирање
  • Селекција
  • Состаноци
  • Обука
  • Кариера
  • Оценување на перформанси
  • Плаќање
  • Конфликт, моќ, стрес, одбрамбени механизми, перење мозок

 

Литература

  • Матис, Р., Џексон, Џ. (2008)  Управување со човечки ресурси,  Магор, Скопје, 2010, превод на дванаесеттото издание, дел од програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитетит во САД и Европска Унија
  • Torrington, D., Hall, L., Taylor,  S (2002): Human Resource Management, Prentice Hall
  • Постолов, К. (2011) Теорија на организација, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2011.
  • Бојаџиоски, Д., Ефтимов, Љ. (2009) Менаџмент на човечки ресурси, Економски факултет, Скопје

 

Цели

  • да стекнат попродлабочено знаење за разновидните активности и функции на менаџментот на човечки ресурси
  • да го планираат потребниот број и структура на вработените
  • да ги анализираат и обликуваат работите и работните места
  • да ги придобиваат, избираат, воведуваат и распоредуваат вработените
  • да обезбедуваат следење и оценување на успешноста
  • најдобро да ги искористат и развијат потенцијалите на секој вработен
  • да управуваат со разните процеси и активности поврзни со човечките ресурси во организацијата