Студиски програми

Државна ревизија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 517 Сметководство и ревизија (двегодишни студии) 40 7,00
Предавачи
Зорица Божиновска - Лазаревска

Опис

Поим, улога и значење на државната ревизија во современите економии, професионална регулатива во државната ревизија – Стандарди за ревизија на ИНТОСАИ и Кодекс на етика на ИНТОСАИ, планирање на процесот на ревизија, фундаментални концепти на ревизијата: материјалност, ризикот во ревизијата и доказите во ревизијата, спроведување на ревизорскиот ангажман, интерни контроли,  известување за спроведената ревизија, ревизија на успешност, државна ревизија во Република Македонија набљудувана преку активностите на Државниот завод за ревизија.


Содржина

1.      Поим, улога и значење на државната ревизија во современите економии

2.      Законско регулирање на државната ревизија во Република Македонија – Закон за државна ревизија

3.      Професионална регулатива во државната ревизија – Декларација од Лима, Стандарди за ревизија на ИНТОСАИ и Кодекс на етика на ИНТОСАИ

4.      Планирање на процесот на ревизија

5.      Фундаментални концепти на ревизијата: материјалност, ризикот во ревизијата и доказите во ревизијата

6.      Спроведување на ревизорскиот ангажман

7.      Интерни контроли

8.      Известување за спроведената ревизија

9.      Ревизија на успешност

10.    Државна ревизија во Република Македонија - состојби и перспективи


Литература

1.      Прирачник за државна ревизија, Државен завод за ревизија на Републиика Македонија - Скопје,  април 2005

2.      Стандарди за ревизија на ИНТОСАИ

3.      Кодекс на етика на ИНТОСАИ

4.      Implementation Guide for Performance Audit, INTOSAI


Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат во можност:

-да ги осознаат клучните аспекти од ангажманот на државните ревизори;

-да се фокусираат на подетално запознавање на професионалната регулатива во државната ревизија (Декларацијата од Лима, Стандарди за ревизија на ИНТОСАИ и Кодекс на етика на ИНТОСАИ) и нивното имплементирање во домашната ревизорска практика;

-да стекнат сознанија за ангажманите од доменот на ревизија на успешност како посебен вид на ревизорски ангажман со сите клучни фази од неговото спроведување;

-да се стекнат со занења кои можат да им послужат како солидна основа во подготвка на испитите за стекнување на професионални звања во доменот на ревизорската професија (овластен ревизор, овластен интерен ревизор, државен ревизор и др.);

-да се подготват и активно вклучат во национални и меѓународни истражувачки проекти од областа на државната ревизија.