Финансиски менаџмент
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
ACC 519
|
Сметководство и ревизија (двегодишни студии)
|
40
|
8,00
|
Предавачи
|
Сашо Арсов; Александар Наумоски
|
Опис
Предметот претставува напреден курс по финансиски менаџмент, на кој студентите имаат можност да ги продлабочат своите познавања од оваа област. При тоа, особено внимание им е посветено на следниве подрачја: осврт врз финансиските извештаи, управување со портфолиото на фирмата, изворни и изведени хартии од вредност, долгорочно финансирање со задолжување, вреднување на акции и трошоци на сопствениот капитал, краткорочни и среднорочни извори на финансирање, донесување на одлуки за дивидендата, финансиско планирање, управување со готовината, побарувањата и залихите
Содржина
- Управување со готовината, побарувањата и залихите
- Донесување на одлуки за дивидендата
- Долгорочно финансирање со задолжување
- Изворни и изведени хартии од вредност
- Управување со портфолиото на фирмата
- Осврт врз финансиските извештаи
- Краткорочни и среднорочни извори на финансирање
- Финансиско планирање
- Вреднување на акции и трошоци на сопствениот капитал
Литература
- Samuels, J. M., Wilkes, F.M. and R.E.Brayshaw: Management of Company Finance, Chapmen & Holl, London, 1995
- Ross, Stephen, R. Westerfield, J. Jaffe, Corporate Finance, 5th edition, Irwin McGraw-Hill, Boston, 1999
- Brigham, Eugene F., Phillip R. Daves: Intermediate Financial Management, 7th edition, South-Western Thomson Learning, New York, 2002
- Shapiro, Alan C.: Multinational Financial Management, 6th edition, John Wiley and Sons, Chichester, 1999
- Спасов, Синиша и Сашо Арсов: Финансиски менаџмент, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004
Цели
- Да се воведат студентите во содржината на финансискиот менаџмент и во користењето на финансиските извештаи при управувањето на фирмата
- Да се привлече вниманието на студентите кон трите базични типа прашања на подрачјето на финансирањето: капиталното буџетирање, структурата на капиталот и управувањето на обртниот (работниот) капитал на фирмата, како и да се посвети внимание на планирањето на долгорочните вложувања и изворите на нивното финансирање - емисија и вреднување на обврзниците и акциите
- Да се оспособат студентите за проблематиката на краткорочното финансирање и управување на работењето (управување со готовината и ликвидноста на фирмата, управување со кредитите и залихите)
- Да се воведат студентите во управувањето со финансиското портфолио на фирмата како објект во кој е концентриран дел од капиталот на фирмата
- Да се здобијат студентите со практични знаења за користењето на лизингот како извор за финансирање, како и со некои теоретски знаења за опциите, варантите и фјучерсите, како мерки за осигурување на трансакциите од ризици
- Да се дадат продлабочени знаења за трошоците на капиталот, финансискиот левериџ, дивидендата и дивидендната политика