Студиски програми

Даночно сметководство


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 523 Сметководство и ревизија (двегодишни студии) 175 7,00
Предавачи
Атанаско Атанасовски

Опис

Преглед на даночниот систем во Република Македонија, оданочување на добивката на фирмите во Република Македонија, персонален данок од доход, данок по одбивка (задржувачки данок), придонеси за задолжително социјално осигурување, оданочување, сметководствена евиденција и известување за данокот на додадена вредност, даноци на имот и акцизи, даночно планирање, утврдување и известување на одложените даноци од добивка согласно МСС 12 Даноци од добивка, трансферни цени и даночни аспекти на трансферните цени

 

Содржина

1. Преглед на даночниот систем во Република Македонија

2. Оданочување на добивката на фирмите во Република Македонија

3. Персонален данок од доход

4. Данок по одбивка (задржувачки данок)

5. Придонеси за задолжително социјално осигурување

6. Оданочување, сметководствена евиденција и известување за данокот на додадена вредност

7. Даноци на имот и акцизи

8. Даночно планирање

9. Утврдување и известување на одложените даноци од добивка согласно МСС 12 Даноци од добивка

10. Трансферни цени и даночни аспекти на трансферните цени

 

Литература

1. Институт на овластени ревизори на РМ, Законска Регулатива , Институт на овластени ревизори на РМ, Скопје , 2010

2. International Accounting Standards Committee Foundation , Meѓyнародни стандарди за финансиско известување 2009- превод на македонски јазик, Институт на овластени ревизори, Скопје , 2010

 

Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат во можност:

- подготват даночна пријава и анализираат данокот од добивка согласно барањата на законодавството во Република Македонија,

- го анализираат и утврдуваат данокот на непризнати расходи и данокот од задршка,

- ги разбираат и применуваат концептите на оданочување на приходот кој го остваруваат физичките лица согласно Законот за персонален данок од доход,

- ја применуваат сметководствената евиденција и подготвуваат даночните пријави за Данокот од додадена вредност,

- ги анализираат и утврдуваат социјални давачки на плата кои се применуваат во Република Македонија,

- подготват соодветна сметководствена евиденција за трансакциите со данокот од добивка, персоналниот данок, социјалните давачки на плати и други давачки во согласност со законската регулатива во Република Македонија

- ги применуваат концептите на даночно планирање и оптимизација на издатоците за сите даноци во деловните субјекти;

- ги анализираат трансферните цени и даночните аспекти на трансферните цени согласно даночното законодавство во Република Македонија

- утврдат и анализираат одложените даноци согласно барањата на МСС 12 Даноци од добивка.