Студиски програми

Мерење на резултати


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 515 Сметководство и ревизија (двегодишни студии) 40 7,00
Предавачи
Марина Трпеска

Опис

Предметот e така дизајниран што ги опфаќа напредните пристапи поврзани со корпоративните системи за мерење на резултатите како и системите за мерење на резултатите во јавниот сектор. Предметот, исто така, вклучува и развивање и определување на најсоодветни индикатори за мерење на резултатите, како финансиски, така и нефинансиски. Студентите ќе се запознаат со анализите на отстапувањата на  трошоците и приходите, како и со техниките за одлучување, контрола и мерење на резултатите нагласувајќи го стратегискиот аспект. Во содржината на предметот се поместени теоретските и апликативните сознанија од анализа на сметководството на активности,  economic value added, balanced scorecard, стратегиска анализа на трошоците и нивен потенцијален придонес во организационата ефикасност. 

 

Содржина

 

1.      Развојни терндови на системи за мерење на резултатите во сметководството

2.      Развој и методологија на рамките за мерењ на резултати во сметководството

3.      Интегрирани системи за мерење на резултатите (финансиски и нефинансиски мерила)

4.      Стандардни трошоци и анализа на отстапувањата како мерила на економично работење

5.      Анализа на отстапувањата на продажните цени и приходите од продажба

6.      Контрола и мерење на резултатите во центрите на одговорност (трошочни, приходни и инвестициони центри)

7.      Контрола и корпоративно мерење на резултатите (Стапка на рентабилност, Резидуална добивка, Economic Value Added, Balanced Scorecard)

8.      Мерење на профитабилноста на корпорациите врз основа на активности (Сметководство на активности, Планирање врз основа на активности, Управување врз основа на активности, Временска рамка на сметководството на активности, Анализа на профитабилноста врз основа на активности)

9.      Специфични карактеристики на системите за мерење на резултатите во јавниот сектор

 

Литература

 

1.      Марковски Слободан и Блажо Недев: Управувачко сметководство, Економски факултет, Скопје, 2003 

2.      Scarlett, B.: Management Accounting Performance Evaluation CIMA Learning System, CIMA Publishing, 2007 edition

3.      Performance Management, ACCA, BPP Publishing, 2008

4.      Advanced Performance Management, ACCA, BPP Publishing, 2008

5.      Horngren, CH., Foster, G. and S. Datar: Cost Accounting, 12th edition, Prentice Hall, New York, 2006

6.      Garison: Management Accounting,

7.      Meyer, Marshall W.: Rethinking Performance Measurement, Cambridge University Press, UK, 2002

8.      Neely Andy: Business Performance Measurment, Cambridge University Press

9.      Kaplan, Atkinson: Advanced management Accounting, 2008

 

Цели

 

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни:

1.      Да ги разберат новите развојни трендови на системите за мерење на резултатите во сметководство

2.      Да развијат методологија и рамка на мерење на резултатите во сметководството

3.      Да ги разберат и имплементираат интегрираните системи за мерење на резултатите т.е. да применуваат финансиски и нефинансиски мерила за мерење на резултатите

4.      Да ги објаснат и применат принципите на стандардни трошоци, да ги пресметуваат отстапувањата и критички да ги вреднуваат стандардните трошоци во светло на напреднати критики

5.      Да ги пресметуваат, анализираат и интерпретираат отстапувањата на продажните цени и приходите од продажба

6.      Да ја разберат улогата на трошочните, приходните и инвестиционите центри во организационата структура на компаниите и менаџмент контролата и да изготват трошочни и приходни информации во соодветни форми за менаџерите на трошочните, приходните и инвестиционите центри, имајќи ги во предвид трошоците што можат да се контролираат и трошоците што не можат да се контролираат и важноста на флексибилноста на плановите.

7.      Да ги разберат и пресметаат различните мерила кои се корстат во корпоративните системи за мерење на резултатите како што се ROI, RI, EVA, BSC

8.      Да ги споредат сметководството врз активности со традиционалното сметководство и имплементирани на процеси врз основа на активности и мерење на корпоративната профитабилност.

9.      Да ги разберат специфичните карактеристики на системите за мерење на резултатите  во јавниот сектор