Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии)


Услови за запишување и напредување на студиите

На студиската програма по Е-бизнис менаџмент можат да се запишат студенти кои завршиле тригодишни додипломски студии или завршиле студиска програма од прв циклус студии според ЕКТС со вкупен број на 180 кредити.

На студиската програма можат да се запишат студенти од било која област бидејќи е-бизнис моделите кои се предмет на изучување на студиите се користат во сите области на општеството и економијата.

По завршувањето на предвидените активности, се добива диплома Магистер по економски науки од областа на е-бизнис менаџмент.

 

Компетентност за работни места

  • Во областа на бизнисот и економијата кои се базираат на интензивна употреба на ИКТ;
  • Во компании кои што интензивно користат веб базирани технологии во контактите со добавувачите, купувачите, финансиските институции и јавниот сектор;
  • На дизајнирање и на развој на веб базирани информациски системи во големи, средни и мали претпријатија;
  • Во јавниот сектор кој користи веб базирани услуги кон граѓаните и компаниите;

 

Општи и специфични компетенции

  • Работа во интердисциплинарни тимови во глобално и мултикултурно окружување;
  • Анализа, синтеза и критичка евалуација на факти и за донесување на квалитетни бизнис одлуки;
  • Поврзување на теоретските знаења со нивна практична примена;
  • Препознавање на потенцијалите и можностите од ИКТ како потикнувач на промените во економијата базирана на знаење;
  • Дизајнирање, имплементација и менаџирање со е-бизнис решенија и веб базирани информациски системи во согласност со стратегиските цели на организациите;
  • Консалтинг вештини од областа на е-бизнисот во приватниот и јавниот сектор;
  • Развивање маркетинг стратегии преку интернет и други безжични технологии;

 

♦  Брошурата за студиите може да се преземе тука.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 580 Стратегиски менаџмент на е-бизнис 40 7,00 Љубомир Дракулевски
EBU 550 Менаџмент на синџирот на снабдување 40 7,00 Лидија Пулевска
EBU 590 Дигитална економија 40 8,00 Калина Треневска Благоева
EBU 310 Организација на податоци во претпријатие 40 8,00

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 520 Е-влада и е-управување 40 7,00 Сашо Јосимовски
EBU 360 Е-бизнис иновации 40 8,00 Мијалче Санта

Семестар   3
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 510 Дизајнирање на бизнис процеси во е-бизнис 40 7,00 Калина Треневска Благоева
EBU560 Системска анализа и дизајн 40 7,00 Сашо Јосимовски
EBU 560 Системска анализа и дизајн 40 7,00 Сашо Јосимовски
EBU TN Теренска настава 40 6,00

Семестар   4
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU Магистерски труд 200 16,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 410 ЕРП системи 40 8,00 Калина Треневска Благоева
EBU 420 Е-менаџмент на односи со потрошувачите 40 8,00 Лидија Пулевска
EBU УКИМ Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 530 Интернет маркетинг апликации и алатки 40 7,00 Анита Циунова-Шулеска
MGT 370 Проектен менаџмент 40 8,00 Сашо Арсов
EBU 570 Сметководствени и финансиски алатки за деловно одлучување во е-бизнисот 40 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
EBU 591 Користење апликации преку интернет 40 8,00 Сашо Јосимовски
EBU 540 Креирање и дизајнирање на е-бизнис решенија 40 7,00 Калина Треневска Благоева
MGT 450 Претприемништво 40 8,00 Таки Фити
EBU UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 7,00