Студиски програми

Дизајнирање на бизнис процеси во е-бизнис


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EBU 510 Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) 3 40 7,00
Предавачи
Калина Треневска Благоева

Опис

Целта на предметот е да се објаснат предностите на процесниот пристап наспроти функционалниот пристап при организирањето и менаџирањето на активностите на организациите.

Се дефинираат бизнис стратегиите според различни автори и се разработува BPTrends методологијата за процесна архитектура на организациите. Суштинска цел е да се научи како да се опишат бизнис процесите со БПМН нотација и да се мапираат со користење на модели и дијаграми. Преку конкретни примери се објаснува процесот на редизајнирање на бизнис процесите, фазите и нивното менаџирање.


Содржина

  • Објаснување на потребата за процесен пристап наспроти функционален пристап при организирањето на бизнис активностите на организациите;
  • Дефинирање на бизнис стратегија, вредносна верига, стартешките теми на Портер и концептот на Treacy и Wiersema, објаснување на критериуми за приоритизација на бизнис процесни промени;
  • Процесна архитектура и процесен менаџмент на организациите – ниво на претпријатие;
  • Опишување на процеси преку дијаграми и типови на дијаграми- БПМН;
  • Менаџирање и мерење на бизнис процеси;
  • Разработка на BPTrends методологијата за редизајнирање на бизнис процесите.

Литература

Задолжителна

  • Paul Harmon, Business Process Change, second edition, Morgan Kaufmann Publishers, San Francisco, 2007
  • Paul Harmon, Business Process Change, Morgan Kaufmann Publishers, San Francisco, 2003

Дополнителна

  • Weske Mathias,Business Process Management,Springer- Verlag,2007
  • bptrends.com

Цели

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да ја разберат  архитектурата на бизнис процесите;
  • Да ги дефинираат основните концепти и техники на дијаграми кои се користат за моделирање на организациите, процесите и активностите;
  • Да ги разберат методологиите за подобрување и редизајнирање на бизнис процесите;
  • Да бидат запознаени со автоматизацијата на бизнис процесите и апликациите и техниките кои ги подржуваат.