Студиски програми

Стратегиски менаџмент на е-бизнис


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EBU 580 Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) 1 40 7,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски

Опис

Предметот им овозможува на студентите запознавање со процесот на стратегискиот менаџмент како алатка за управување со иднината, со избор на вистинска стратегија, како и со потикнување на размислување за проблемите кои се поврзани со извршување на стратегијата. Цел е оспособување на студентите за самостојно користење на методите и техниките на стратегиска анализа, како и за имплементирање на наведениот концепт во практиката. Во услови на интензивно користење на современи информациско-комуникациски технологии (ИКТ) од големо значење е студентите да се запознаат со процесот на менаџирање со технолошките иновации, како и со менаџирање со знаењето.


Содржина

  • Менаџмент (избрани проблеми)
  • Стратегија и стратегиски менаџемент
  • Стратегиско размислување и процес на стратегиски менаџмент  во е-бизнис окружување
  • Поставување визија, мисија и цели
  • Алатки за стратегиска анализа (ПЕСТЛЕ анализа, анализа на конкуренција, SWOT анализа, портфолио анализи)
  • Стратегии на ниво на компанија, на ниво на сектори и на ниво на деловни функции
  • Иновации, технологија и стратегија
  • Менаџмент со знаење

Литература

Задолжителна литература

  • McKay, Ј., Marshall, P.,, Strategic Management of e-Business, John Wiley & Sons Ltd, 2003
  • Hit M., Ireland D., Strategic Management: Concepts and Cases: Competitiveness and Globalization, McGraw-Hill., 2009
  • Tidd, J., Bessant, J., Pavitt K.,, Managing Innovation – Integrating Technological, Market and Organisational change, John Wiley and Sons, Ltd, 2003
  • Hislop, D.,, Knowledge Management in Organizations, Oxford University Press, 2009

 Дополнителна литература

  • Scholes J., Whittington, Exploring Corporate Strategy, Prentice Hall, 2006
  • Шуклев Б., Дракулевски Љ., Стратегиски менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2001
  • Schilling, M.,, Strategic management of technological innovation, McGraw Hill, 2007
  • Wickramasinghe, N., Lubitz von, D.,, Knowledge-Based Enterprise: Theories and
  • Fundamentals, Idea Group Publishing, 2007
  • Dalkir, K.,, Knowledge Management in Theory and Practice, Butterworth-Heinemann, 2005

Цели

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • ги разликуваат клучните концепти на стратешкиот менаџмент во е-бизнис окружување
  • формулираат и извршуваат ефективни е-бизнис стратегии
  • менаџираат со промени при имплементација на е-бзинис
  • ја разберат комплексноста и значењето на технолошките иновации како движечка сила на конкурентоноста во глобално, дигитално окружување
  • да го разберат процесот на менаџирање со иновации преку преку интегрирање на технолошките, пазарниет и организацисите промени
  • да стекнат знаење за менаџментот на знење,
  • да се стекнат со знаење и вештини за формирање на иновативна организација и организација коа учи.