Студиски програми

Е-влада и е-управување


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EBU 520 Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) 2 40 7,00
Предавачи
Сашо Јосимовски

Програмата на предметот најпрво ги дефинира поимите е-влада и е-управување, а потоа ги воведува моделите на е-влада и методите на менаџментот на е-влада. Се презентира животниот циклус на развој на е-влада, како и аспектите на нејзината хоризонтална процесна интеграција. Технолошките аспекти на развој на е-влада исто така се анализираат, при што посебен акцент се дава на европската рамка за инероперабилност, како и на карактеристиките на отворените формати, стандарди и кодови и нивниот придонес за ефикасна и транспарентна е-влада.

Клучни зборови: е-влада, интероперабилност, отворен формат, процесна интеграција

 

СОДРЖИНА

  1. Е-влада: дефиниции, развој и функции
  2. Модели на е-влада и методи на менаџмент на е-влада
  3. Хоризонтална процесна интеграција во е-влада
  4. Е-влада апликации: бенефиции за граѓани и бизниси
  5. Технолошки аспекти на дизајнирање, креирање и имплементирање на е-влада

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Mehdi Khosrow, E-government diffusion, Policy and Impact, IGI Global, 2009

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • ги разберат и анализираат теориите и практиките во рамките на е-влада;
  • го разберат и опишат користењето на ИКТ во владините институции и јавната администрација;
  • критички ја анализираат релацијата помеѓу е-владините теории и практики и да можат да го оценуваат степенот на квалитет на услугите во рамките на е-влада;
  • ги опишат на научна основа различните користења на ИКТ од страна на граѓаните од демографска, меѓународна и повеќе-културна перспектива;
  • ги идентификуваат и оценат проблемите на дизајн на секторот.