Студиски програми

Проектен менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 370 Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) 40 8,00
Предавачи
Сашо Арсов

Опис на предметот

Предметната програма по Проект менаџмент се состои од теоретски и практични компоненти преку кои студентите треба да се запознаат со проблематиката на управувањето со проектите како компонента со растечко значење во водењето на современиот бизнис. Основниот столб на курсот ќе биде теоретската настава, низ која студентите ќе се запознаат со спецификите на проектниот менаџмент како дисциплина, ќе ги стекнат потребните сознанија за структурирањето на проектот, планирањето на неговите активности, планирањето и оптимализацијата на времето и трошоците за негова реализација, составувањето и координацијата на проектниот тим, улогата на проектниот менаџер и сл. Покрај тоа, студентите се обучуваат и да користат соодветен софтвер, со чија помош се олеснува работата на проект-менаџерот, што ќе го презентуираат и преку реализацијата на практични задачи.
Конечно, во текот на наставата, студентите ќе поминат и низ фазите на подготовка на хипотетички проект, преку самостојна работа, но и со учество во проектен тим состтавен од самите студенти, каде што ќе можат и практично да ги аплицираат сознанијата стекнати во текот на наставата.

 

Содржина на предметот:

1. Дефинирање на проектот и проектниот менаџмент

2. Проектите и организационата структура на компанијата

3. Организационо-технолошко структурирање на проектот

4. Планирање на проектот и времето

5. Планирање на трошоците

6. Примена на мрежното планирање во проектниот менаџмент

7. Примена на софтвер во проектниот менаџмент

8. Имплементација на проектот, надзор и контрола.

9. Проектни тимови и улогата на проект-менаџерот

 

Потребна литература

Основна литература:

  • Clifford GRAY, Erik LARSON, Project Management - The Managerial Process, 4th Edition, McGraw-Hill Irwin, 2008

 

Дополнителна литература:

  • Несторовски Методија, Сашо Арсов, Александар Наумовски, Инвестиционен менаџмент (во печат), Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј”, 2012
  • MS Project Training Manual, Microsoft, 2007

 

 

Цели на наставата

Целта на наставата по предметот Проект менаџмент е да ги оспособи студентите:

  • Да го дефинираат проектот и да ги идентификуваат неговиот опфат и цели преку развивање на проектна спецификација;
  • Да ја дефинираат структурата на проектот како список на неговите составни активности, да ги идентификуваат нивните меѓузависности, времетраење, ресурси и трошоци;
  • Да состават план за управување со ризиците на проектот, како компонента во процесот на управување со проектот;
  • Да донесуваат одлуки во правец на формирањето на проектниот тим, неговото мотивирање и координирање, решавање на конфликти и сл.;
  • Да умеат да го утврдат минималното потребно време за реализација на проектот преку изработка на гантограм и мрежен дијаграм на проектот;
  • Да користат софтвер MS Project како алатка во процесот на планирање, имплементација и надзор врз проектот, да ги изработуваат различните извештаи за процесот на интерна и екстерна комуникација, како и да ги интерпретираат информациите содржани во нив.