Студиски програми

Користење апликации преку интернет


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 591 Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) 40 8,00
Предавачи
Сашо Јосимовски

Во предметот студентите се запознаваат со апликативните можности на интернет медиумот. Откако ќе се воведат основните концепти се изучуваат методите и техниките на развој на интернет апликациите преку дефинирање на основните критериуми и изведување на функционална анализа. Потоа следи посебен осврт на итеративниот метод на развој на апликации. Посебен акцент се дава на техниките на корисничкото искуство, како и имплементирање на неговите методи и техники преку спроведување на планот на истражување на корисничкото искуство.

Клучни зборови: интернет апликации, интернет, корисничко искуство, итеративен развој

 

СОДРЖИНА

  1. Карактеристики на интернет-базирани апликации
  2. Типични специфични и критични интернет апликации
  3. Техники на развој на апликации: карактеристики на итеративниот развој
  4. Анализа на функционалности
  5. Техники на корисничко искуство
  6. План на истражување на корисничко искуство

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Mike Kuniavsky, Observing the User Experience, Morgan Kaufmann, San Francisko, 2003

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ја разбератструктурата на интернет апликациите;
  • да развиваат стратегии за различни имплементации на интернет апликации потребни за спроведување на е-бизнис;
  • да ги разберат бенефиициите и ризикот на користењето на различните методи на развој на апликациски решенија во организациите;
  • даго разберат концептот на корисничко искуство и корисност на интернет апликации;
  • да имплементираат методи и техники на корисничко искуство.