Студиски програми

Системска анализа и дизајн


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EBU560 Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) 3 40 7,00
Предавачи
Сашо Јосимовски

Програмата на предметот опфаќа вовед во системската анлиза и дизајн, потоа преглед на методологиите кои се користат во системската анализа и дизајн, со посебен фокус на анализа на барањата на информацискиот систем. За оваа цел, се воведуваат и формални алатки за анализа на дефинирање на барањата и логичкиот модел, при што посебен осврт се дава на UML  јазикот.

Клучни зборови: системска анализа, бизнис случај, итеративен развој, UML

 

СОДРЖИНА

  1. Вовед во системска анализа и дизајн
  2. Преглед на методите на системска анализа
  3. Анализа на бизнис случај
  4. Моделирање на барањата на информацискиот систем
  5. Моделирање со UML

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Gary Shelly, Harry Rosenblatt, Systems Analysis and Design, Course Technology, 2010
  • Miles&Hamilton, Learning UML 2.0, O’Reilly, 2006

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • ги разберат и применат методите на развој на ИТ проекти и информациски системи;
  • разберат како информациските системи и технологии ги поддржуваат стратегиските цели на компаниите;
  • да го разберат влијанието на информациските технологии на изборот на бизнис моделот на претпријатието и на развојот на информациските системи;
  • користат јазик за моделирање UML
  • креираат UML модел на реален информациски систем.