Студиски програми

Анализа на надворешна трговија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
СТМ 5999.4 Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) 40 7,00
Предавачи
Билјана Секуловска-Габер

Статистичко разграничување на надворешната трговија, преку точно дефинирање, класификација и споредбеност на статистичките податоци на надворешната трговија во Република Македонија со оние во светот. Натаму, елаборирани се различни методи за мерење на односите во размената, еластичностите на надворешната трговија, факторите на конкурентност, како и ефектите од трговската либерализација и економското интегрирање. На крајот, особно внимание е посветено на економското моделирање (местото на надворешната трговија во моделот на општата стопанска рамнотежа и условите и ограничувањата на парцијалното моделирање) и посебно на економетриската анализа на факторите на трговската политика на Република Македонија, претставени преку МАК моделот.

Клучни зборови: надворешна трговија, економско моделирање, трговска политика, модели

 

 

СОДРЖИНА

1. Статистичко разграничување на надворешната трговија

2. Надворешната трговија и односите во размената

3. Надворешната трговија и националниот доход

4. Надворешната трговија и развојот

5. Надворешната трговија и интегрирањето

6. Трговската политика и принципите на економското моделирање

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Bowen, Harry, P., Abraham Hollander, and Jean-Marie Viaene, Applied International Trade Analysis. MacMillan Press Ltd. 1998
  2. De Haan, Leo and others, MAKMODEL. A Macro-Econometric Model for the Republic of Macedonia”, Zbornik na trudovi od me|unarodnata konferencija  “Statistikata- osnova za kreirawe na ekonomskata politika i ekonomskiot razvoj na Jugoisto~na Evropa”. Skopje,2001
  3. Zavod za statistika, Mese~en statisti~ki izve{taj, Државен завод за статистика, 2012
  4. Zavod za statistika, ИНДЕКСИ на единечната вредност на извезената и на увезената стока во Република Македонија во 2009. Државен завод за статистика, 2012

Дополнителна:

  1. Секуловска-Габер, Билјана, „Влијанието на ЦЕФТА (2006) врз трговските текови на земјите од Југоисточна Европа“. Годишник на Економскиот факултет, Том 47, 2012 година, стр. 161-170. Економски факултет  Скопје, 2012
  2. Sekulovska-Gaber, Biljana, “Trade links between the countries in the Region of Southeast Europe: are the neighbours of the Republic of Macedonia back?” Proceedings from the 3rd International Conference: Regional cooperation and economic integration – challenges and opportunities, Skopje, 15-17.10.2009:171-180. Faculty of Economics Skopje, 2009
  3. Sekulovska-Gaber, Biljana, Economic Integration of the Balkan Countries in Transition”, part of the book: The Balkans in Transition, eds. Neville S.Arrachanige Don, Ljubisa Mitrovic. International research Foundation for Development- San Francisco, Center for the Balkan Studies – Nis, pp.117-125.  Nis, 2007
  4. Risteski, Slave, Sekulovska-Gaber, Biljana , Ekonomski fakultet Skopje, 2004
  5. Sekulovska-Gaber, Biljana, “Macedonian Exports, A Small Country Case”. Eastern European Economics Vol.34, No.6, pp.18-37. 1996
  6. Sekulovska-Gaber, Biljana, Izvozot kako del na makrosistemot na nacionalnata ekonomija”, Godi{nik na Ekonomskiot fakultet, Skopje, 2001 (str. 353-363) Економски факултет  Скопје. 2001

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата, студентите би требало да добијат општа претстава за врската меѓу теоријата на надворешната трговија, економската анализа, и принципите на економското моделирање.       

Притоа, студентите треба да бидат способни:

  1. да ја постават врската помеѓу економската теорија и економската анализа
  2. да ги аплицираат статистичките методи во економските истражувања
  3. да вршат математичка проверка на економските (теоретски) поставки