Студиски програми

Финансиски менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
СТМ 5999.2 Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) 40 7,00
Предавачи

Опис

Предметот претставува напреден курс по финансиски менаџмент, на кој студентите имаат можност да ги продлабочат своите познавања од оваа област. При тоа, особено внимание им е посветено на следниве подрачја: осврт врз финансиските извештаи, управување со портфолиото на фирмата, изворни и изведени хартии од вредност, долгорочно финансирање со задолжување, вреднување на акции и трошоци на сопствениот капитал, краткорочни и среднорочни извори на финансирање, донесување на одлуки за дивидендата, финансиско планирање, управување со готовината, побарувањата и залихите

Содржина

  • Управување со готовината, побарувањата и залихите
  • Донесување на одлуки за дивидендата
  • Долгорочно финансирање со задолжување
  • Изворни и изведени хартии од вредност
  • Управување со портфолиото на фирмата
  • Осврт врз финансиските извештаи
  • Краткорочни и среднорочни извори на финансирање
  • Финансиско планирање
  • Вреднување на акции и трошоци на сопствениот капитал

Литература

  • Samuels, J. M., Wilkes, F.M. and R.E.Brayshaw: Management of Company Finance, Chapmen & Holl, London, 1995
  • Ross, Stephen, R. Westerfield, J. Jaffe, Corporate Finance, 5th edition, Irwin McGraw-Hill, Boston, 1999
  • Brigham, Eugene F., Phillip R. Daves: Intermediate Financial Management, 7th edition, South-Western Thomson Learning, New York, 2002
  • Shapiro, Alan C.: Multinational Financial Management, 6th edition, John Wiley and Sons, Chichester, 1999
  • Спасов, Синиша и Сашо Арсов: Финансиски менаџмент, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004

Цели

  • Да се воведат студентите во содржината на финансискиот менаџмент и во користењето на финансиските извештаи при управувањето на фирмата
  • Да се привлече вниманието на студентите кон трите базични типа прашања на подрачјето на финансирањето: капиталното буџетирање, структурата на капиталот и управувањето на обртниот (работниот) капитал на фирмата, како и да се посвети внимание на планирањето на долгорочните вложувања и изворите на нивното финансирање - емисија и вреднување на обврзниците и акциите
  • Да се оспособат студентите за проблематиката на краткорочното финансирање и управување на работењето (управување со готовината и ликвидноста на фирмата, управување со кредитите и залихите)
  • Да се воведат студентите во управувањето со финансиското портфолио на фирмата како објект во кој е концентриран дел од капиталот на фирмата
  • Да се здобијат студентите со практични знаења за користењето на лизингот како извор за финансирање, како и со некои теоретски знаења за опциите, варантите и фјучерсите, како мерки за осигурување на трансакциите од ризици
  • Да се дадат продлабочени знаења за трошоците на капиталот, финансискиот левериџ, дивидендата и дивидендната политика