Студиски програми

Стратегиски менаџмент на човечки ресурси


Едногодишните студии на студиската програма Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (модел 4+1) се организирани во една студиска година, односно во два семестра. Програмата се состои од седум предмети и изработка на магистерски труд.

Структурата на предметите е следна:

  1. Четири задолжителни предмети
  2. Два изборни предмети (изборни предмети од листата на Економски факултет - Скопје)
  3. Еден изборен предмет (од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

 

Мисија и цели

Мисијата на студиската програма по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси е едукација на високо-образовани стручни кадри кои ќе бидат способни да ги следат и применуваат најновите знаења и светските практики од областа на менаџментот на човечки ресурси, како и оспособување на МЧР професионалци способни да ги задоволат потребите за квалитетни, мотивирани и лојални човечки ресурси во своите организации.

Студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси има за цел да продуцира магистри кои ќе бидат способни да ја унапредуваат својата професија, кои ќе можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, кои ќе ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и кои ќе бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.

 

Работни места за кои се оспособуваат магистрантите

Студиската програма стратегиски менаџмент на човечки ресурси е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрантите кои почнале или сакаат да започнат да градат кариера во оваа професија и да ги развијат своите знаења и да стекнат специфични вештини во областа на стратегискиот менаџмент на човечките ресурси. Студентите по завршувањето на студиите од вториот циклус по стратегиски менаџмент на човечки ресурси ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:

  • менаџери или професионалци вработени во одделите за човечки ресурси во приватните компании;
  • претприемачи и линиски менаџери кои според описот на работните задачи се задолжени и за менаџмент на човечки ресурси;
  • директори, раководители или службеници одговорни за менаџментот на човечки ресурси во државни институции (полиција, образование, здравство, надворешни работи и др.) или во специфични организации како што се министерствата за информатичко општество и јавна администрација, за труд и социјална работа, или во другите министерства, потоа во агенцијата за вработување и нејзините подрачни единици, во државните агенции, во општините и во сите оние институции во кои се обавуваат некои од основните МЧР функции како вработување, обука и развој и односи со вработените;
  • вработени во агенции за посредување при вработување, центри за обука и кариера, консултантски куќи;
  • вработени во образовни институции како предавачи или истражувачи во оваа област.

 

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

За подетални информации во врска со оваа студиска програма обратете се на  eftimov@eccf.ukim.edu.mk

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
SHR 510 Стратегиски менаџмент на човечки ресурси 40 7,00 Љупчо Ефтимов
SHR 520 Меѓународен менаџмент на човечки ресурси 40 7,00 Стојан Дебарлиев
SHR 530 Развој на професионални вештини за вработување 40 7,00 Љупчо Ефтимов; Никола Левков
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје 40 7,00

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 518 Организациско однесување 40 7,00 Љубомир Дракулевски
Магистерски труд 16,00
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје 40 7,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT519 Нови можности и претприемништво 40 7,00 Стојан Дебарлиев
SHR 560 Менаџмент информациони системи 40 8,00 Никола Левков
SHR570 Деловна етика 40 8,00 Леонид Наков
SHR580 Теорија на организација 40 8,00 Кирил Постолов
SHR 550 Менаџмент на знаење 40 8,00 Никола Левков
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC520 Корпоративно управување 40 7,00 Стојан Дебарлиев
MGT520 Менаџмент на промени 40 7,00 Леонид Наков
SHR540 Менаџмент на перформанси 40 8,00 Љупчо Ефтимов