Студиски програми

Современи предизвици на менаџментот на човечките ресурси


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
SHR 530 Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) 1 175 7,00
Предавачи
Љупчо Ефтимов

10.

Компетенции (оспособен за):

По завршувањето на наставата, магистрантите треба да бидат способни:

  1. да го објаснат влијанието на глобализацијата, демографските трендови и рапидниот развој на информатичката технологија врз менаџментот на човечките ресурси и врз менаџментот воопшто,
  2. да го препознаат предизвикот на мотивацијата на работниците и нејзината важност за менаџерите за човечките ресурси, како и да ги применуваат различните теории на мотивација во пракса,
  3. да го дефинираат значењето на општествената одговорност, деловната етика и моралот во работењето на компаниите и очекуваните бенефити од нив,
  4. да ги објаснат разликите помеѓу менаџментот на човечките ресурси во претприемничките фирми и големите корпорации, како и да бидат свесни за вообичаените предизвици во управувањето на човечките ресурси во нив.

11.

Содржина на предметот:

  • Предизвикот на менаџментот на човечките ресурси
  • Работата на менаџерите
  • Мотивирање за извршување
  • Теории на мотивација
  • Општествена одговорност и менаџерска етика
  • Предизвикот на МЧР во претприемничките фирми
  • Предизвикот на МЧР во корпорациите

12.

Методи на учење: Интерактивни предавања со видео презентации, тимска работа, проектирање на едукативни филмови, гостин на предавања, студии на случај, изработка на проектна задача, истражување.

13.

Вкупен расположлив фонд на време

7 ЕКТС х 25 часови = 175 часови

14.

Распределба на расположливо време

40+15+120  = 175 часови

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања-теоретска настава

40 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

       15 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

30 часови

16.2.

Самостојни задачи

40 часови

16.3.

Домашно учење

50 часови

17.

Начин на оценување                                                                          70+20+10 = 100 бода

17.1.

Тестови

70 бодови

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна)

20 бодови

17.3.

Активност и учество

10 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

помалку од 60  бода

5 (пет) (F)

од 61 до 68 бода

6 (шест) (Е)

од 69 до 76 бода

7 (седум) (D)

од 77 до 84 бода

8 (осум) (С)

од 85 до 92 бода

9 (девет) (B)

од 93 до 100 бода

10 (десет) (А)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности од точка 15 и 16

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски или англиски јазик

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкета

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Шуклев Бобек,

Менаџмент, 8и

Економски факултет – Скопје,

2013

2.

Бојаџиоски Димитар, Ефтимов Љупчо

Менаџмент на човечки ресурси,

Економски факултет – Скопје,

2009

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Боландер, В. Џ;

Шнел, А. Скот.

Управување со човечки ресурси, 15 издание

(превод на македонски јазик),

Генекс –Кочани,

2011

2.

Mondy Wayne, R.

Human Resource Management,

12th edition

Prentice Hall, Essex, England,

2012