Студиски програми

Корпоративно управување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 520 Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) 175 7,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски

Опис

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на теориските основи на корпоративното управување, улогата на членовите на одборот на директори, идентификување на условите и потребата од редизајнирање на улогата на одборот на директори, функционирањето и организацијата на одборот на директорите во претпријатијата во современиот свет, оценување на ефективноста на одборот и на секој член на одборот на директори, односите помеѓу одборот на директори и главниот извршен директор, комбинирање или раздвојување на улогата на претседателот на одборот на директори. Во тие рамки да се укаже на основните разлики помеѓу функционирањето на одборот на директорите во Република Македонија и светот. Меѓу нив, посебно внимание заслужуваат: одговорноста на одборот, номинирање на членови во одборот, награда на членовите во одборот, одборот на директори и планирањето, одборот на директори и стратегискиот менаџмент, избор, сукцесија и награда на главниот извршен директор.


Содржина

1.      Карактерот на корпоративното управување

2.      Редизајнирање на одборот на директори

3.      Вредностите на одборот на директори

4.      Организација на одборот на директори

5.      Оценување на ефективноста на одборот на директори

6.      Главниот извршен директор и директорите во одборот

7.      Улогата на претседателот на одборот на директори

8.      Рангирање на корпоративното управување

9.      Оценување на корпоративното управување

10.  Корпоративното управување и менаџментот


Литература

1.    Шуклев, Бобек: Корпоративно управување, Економски факултет-Скопје, 2009

2.    Бобек Шуклев, Љубомир Дракулевски, Горан Коевски, Владимир Филиповски, Сашо Арсов: Корпоративно управување, Економски факултет-Скопје, 2008

3.    Jill Solomon, Aris Solomon: Corporate governance and accountability, John Wiley & Sons, Inc., New York, 2005


Цели

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  1. Да ги формулираат теориските основи на корпоративното управување,
  2. Да го осознаат функционирањето и организацијата на одборот на директорите во корпорациите во современиот свет,
  3. Да ги утврдат условите за редизајнирање на улогата на одборот на директори,
  4. Да ја разберат методологијата за рангирање на корпоративното управување,
  5. Да развијат способности за оценување на ефективноста на одборот на директори,
  6. Да ги разберат основните разлики помеѓу корпоративното управување и менаџментот.