Студиски програми

КОРПОРАТИВЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ


Корпоративен финансиски менаџмент

 

Главната цел на оваа студиска програма е обезбедување на специјализирано знаење, разбирање и способности неопходни за креирње на врвни професионалци - финансиски и инвестициски менаџери - кои ќе бидат високо вреден човечки ресурс за корпорација во која работат и кои постојано ќе придонесуваат за создавање на поголема вредност за корпорацијата.

Структура на задолжителни и изборни премети на Втор циклус Корпоративен финансиски менаџмент

  1. Три задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање.
  2. Три изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање.
  3. Еден изборен предмет од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

Специфични цели:

Специфичните цели кои ќе бидат постигнати со програмата од втор циклус студии по корпоративен финансиски менаџмент може да ги сублимираме во пет главни категории:

  • Обезбедување на извори на фиансирање на компанијата. Студентите ќе бидат способни да донесат одлука за извори на финансирање на компанијата кои ќе бидат во контекст на обезбедување најоптимална структура на капиталот и максимизација на вредноста на компанијата.
  • Алоцирање на капитал. Растот и развојот на компанијата има потреба од алоцирање на капитал во нови инвестициски проекти. Студентите на оваа програма ќе се стекнат со доволен фонд на знаење за идентификација на најдобрата инвестициска одлука.
  • Анализирање. Финансиските менџери потребно е константно да ја анализираат и следат состојбата на компанијата низ комплексот на индикатори за профитабилноста, ликвидноста, солвентноста и ефикасноста.
  • Администрирање. Со помош на аналитичките активности и системи, финансиските менаџери е потребно да го разбираат детално спроведувањето на повеќе административни активности, почнувајќи од прибирањето на финансиски податоци, нивна евиденција, консолидирање и нивно известување до заинтересираните стеикхолдери (квартално и годишно).
  • Антиципирање. Доброто планирање на готовината, нејзиното буџетирање, планирањето на капиталните вложувања и процената на ризиците се клучни во овој домен.

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии.

-- Не постојат задолжителни предмети --
Зимски
-- Не постојат изборни предмети --
Летен
-- Не постојат изборни предмети --