Студиски програми

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
7CFM511 Корпоративен финансиски менаџмент 1 40 7,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски; Стојан Дебарлиев

 СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM 511

Корпоративен финансиски менаџмент

2 (летен)

40

7,00

 

 

Предавачи:

Проф. д-р Љубомир Дракулевски 

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

 

Опис:

Предметната програма по се состои од три дела. Во првиот дел се согледуваат основите на стратегискиот менаџмент преку неговата природа и улогата на менаџерите во стратегискиот менаџмент. Во вториот дел се анализираат фазите во процесот на стратегискиот менаџмент (проценка на екстерното окружување, проценка на интерното окружување, формулирање на стратегија, анализа и избор на стратегија, извршување на стратегијата и оценување и контрола на стратегијата. Во третиот дел се согледуваат некои аспекти на стратегискиот менаџмент како што се: значењето на технологијата и технолошката стратегија во стратегиското управување со фирмите и специфичностите на стратегискиот менаџмент во малиот бизнис.

 

Содржина:

  1. Карактерот на стратегискиот менаџмент
  2. Менаџерите и стратегискиот менаџмент
  3. Проценка на екстерното окружување
  4. Проценка на интерното окружување
  5. Формулирање на стратегија
  6. Анализа и избор на стратегија
  7. Извршување на стратегијата
  8. Оценување и контрола на стратегијата
  9. Технологија и иновација
  10. Стратегиски менаџмент и малиот бизнис

 

Литература:

  • Бобек Шуклев и Љубомир Дракулевски, Стратегиски менаџмент, второ издание, Економски факултет -Скопје, Скопје, 2001
  • Хит, Мајкл А., Двејн Р.Ајрланд, Роберт Е.Хоскисон, Стратегиски менаџмент: конкурентност и глобализација концепти и примери, НАМПРЕС, 2012

 

Дополнителна литература:

  • Charles W. Hill and Gereth R. Jones, Strategic Management, An Integrated Approach, Houghton Mifflin Company, Boston, 2004
  • Robert M. Grant, Contemporary Strategic Analysis, Blackwell Publishing, Malden, 2005

 

 

Цели:

Предметот има за цел студентите да ги оспособи:

  • Да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување;
  • Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент;
  • Да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент;
  • Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти;
  • Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.