Студиски програми

НАПРЕДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
7CFM510 Корпоративен финансиски менаџмент 1 40 7,00
Предавачи
Сашо Арсов; Александар Наумоски

 НАПРЕДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM 510

Корпоративен финансиски менаџмент

2 (летен)

40

7,00

 

 

Предавачи:

Проф. д-р Сашо Арсов 

Доц. д-р Александар Наумоски

 

 

Опис:

Предметот претставува напреден курс по финансиски менаџмент, на кој студентите имаат можност да ги продлабочат своите познавања од оваа област. Материјата е прилагодена на потребите на практичарите кои се наоѓаат на раководни позиции на различни нивоа во компаниите, како и на сите оние што сакаат да градат кариери во областа на управувањето со финансиите и инвестициите. Ставајќи акцент на максимизирањето на вредноста на компанијата, преку практична работа се совладуваат принципите и методите за донесување одлуки во доменот на изборот на оптимални извори на финансирање, на полето на долгорочното инвестирање, портфолио менаџментот, распределбата на финансискиот резултат, управувањето со финансиските ризици и сл.

 

Содржина:

  • Финансискиот менаџмент и корпоративното управување
  • Современи мерила на резултатите од работењето
  • Ризик и принос
  • Корпоративно оценување и менаџмент заснован на вредност
  • Долгорочно финансиско одлучување
  • Управување со ризикот и финансиски деривативи
  • Краткорочно финансиско одлучување
  • Дивиденди и други распределби на акционерите
  • Цена на капиталот
  • Оптимализација на структурата на капиталот
  • Спојувања и преземања
  • Меѓународен финансиски менаџмент

 

Литература:

  • Ј. Бригам и Ф. Дејвис, Средно ниво на финансиски менаџмент, АРС Ламина, превод на 10то издание, 2014
  • Jean Tirole, The Theory of Corporate Finance, Princeton University Press, 2010
  • Damodaran, A., Applied Corporate Finance, J.W. and Sons, 2011
  • Различни автори Одбрани статии од научни списанија

 

 

Цели:

Предметот има за цел студентите да ги оспособи:

  1. Да го разбираат концептот на вредност на компанијата, како основа за донесувањето на одлуките во корпоративните финансии.
  2. Да умеат да ги пресметуваат и толкуваат современите мерила на успешноста во работењето.
  3. Да ги препознаваат импликациите на различните видови извори на финансирање врз структурата на капиталот на компанијата, пред се, од аспект на нивниот одраз врз корпоративното управување и односот на инвеститорите кон неа.
  4. Да умеат да ги проценуваат ефектите од различните одлуки за инвестирање, експанзија и др. Врз вредноста на компаниите.
  5. Да умеат да вршат селекција помеѓу различните деривативни инструменти за заштита од ризикот кај компаниите, познавајќи ги нивните карактеристики.
  6. Да ги анализираат и интерпретираат последиците од одлуките за спојувања и преземања на компании