Студиски програми

КОРПОРАТИВНА ФИНАНСИСКА СТРАТЕГИЈА


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
7CFM512 Корпоративен финансиски менаџмент 2 40 7,00
Предавачи
Александар Наумоски

КОРПОРАТИВНА ФИНАНСИСКА СТРАТЕГИЈА

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM512

Корпоративен финансиски менаџмент

2 (летен)

40

7,00

 

 

Предавачи:

Доц. д-р Александар Наумоски

 

 

Опис:

Преку овој предмет студентите ќе се оспособат за носење на стратегиски финансиски одлуки.  Тука се воспоставуваат врските меѓу финансиските и стратешките цели на фирмата, каде финансиските одлуки треба да бидат во согласност со остварувањето на крајните цели на фирмата. Овој предмет ќе ве научи како да ја примените модерна финансиска теорија во контекст на носење на најдобри инвестициски и финансиски одлуки во модернатa корпорација. Покрај тоа, носењето на стратегиски корпоративни финансиски одлуки од доменот на капиталното буџетирање, структурата на капитал, политика за дивиденда, спојувања и превземања, аспектите на меѓународните финансии и менаџментот на ризикот, треба да е  во контекст на креирање на додадена вредност за акционерите. Предметот е дизајниран за финансиски специјалисти кои ќе ги остваруваат кариери во големите корпорации, финансискиот сектор и консултантски фирми.

 

Содржина:

  • Корпоративни цели
  • Улоги и одговорности на главниот финансиски директор
  • Корпоративни финансии и финансиска стратегија
  • Поврзување на корпоративната и финансиската стратегија
  • Однесување на инвеститорите и ефикасноста на пазарот на капитал
  • Цената на акцијата на компанијата: анализа и следење
  • Вредноста на компанијата и вредноста на акционерскиот капитал
  • Инвестициски одлуки и стратегии
  • Меѓународни операции и инвестиции
  • Идентификување и вреднување на реални опции
  • Стратегиско управување со обртниот капитал
  • Дивидендна политика
  • Структура на капитал и трошок на капитал
  • Деловниот животен циклус и финансиската стратегија
  • Финансиска стратегија од start-up до раст
  • Финансиска стратегија од раст до зрелост и опаѓање
  • Спојувања и преземања
  • Финансиска стратегија кај спојувања и преземања
  • Реорганизација и корпоративно реструктуирање

 

Литература:

  • Tony Davies & Ian Crawford, Corporate Finance & Financial Strategy: Optimising Corporate & Shareholder Value, 1st ed., Pearson Education, 2014
  • Richard Pike, Bill Neale and Philip Linsley, Corporate Finance and Investments: Decision and Strategies, 7th ed., Pearson Education, 2012

Дополнителна литература:

  • Ruth Bender, Corporate Financial Strategy, 4th ed., Routledge, 2013
  • Јуџин Ф. Бригам и Филип Р. Дејвис, Средно ниво на финансиски менаџмент, Ars Lamina, 2014
  • Jonathan Berk &Peter DeMarzo, Corporate Finance, 4th Edition, Pearson, 2016
  • ACCA, Advanced Financial Management: Study Text, BPP Learning Media, 2016

 

 

Цели:

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да го разберат централното место на вреднувањето како основен принцип во доменот на финансиското одлучување
  • Разбирање како одделните финансиси одлуки влијаат на вредноста на компанијата и остварувањето на нејзините цели
  • Да ја применуваат рамката и концептите од корпоративните финансии во носењето одлуки во реалниот свет
  • Да формулираат стратегија за капитални инвестици и да спроведат анализа и процена на инвестициски проекти
  • Добро да го разбираат значењето на структурата на капиталот и неговото влијание врз вредноста на компанијата
  • Разбираат како и кога дивидендата и откупот на сопствени акции ја зголемуваат вредноста на компанијата, а кога не
  • Формулирање на најдобра финансиска стратегија која е најсоодветна за фазата од деловниот животен циклус на компанијата
  • Да изгради ефективни вештини за соработка при индивидуално и тимско решавање на проблеми