Студиски програми

ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА ЗА БИЗНИС ЛИДЕРИ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM519 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Предраг Трпески

ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА ЗА БИЗНИС ЛИДЕРИ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM519

Корпоративен финансиски менаџмент

1 (зимски)

40

7,00

 

 

 

 

 

 

Предавачи: Проф. д-р Предраг Трпески

Опис:

Овој предмет овозможува студентите да се стекнат со понапредни знаења за основните микроекономски концепти и макроекономските агрегати и што е најважно, тие знаења да ги употребат за вршење на економски анализи кај многу сложените и динамични проблеми со кои денес се соочуваат менаџерите.

Предметот е конципиран во два дела. Првиот дел ги третира микроекономските аспекти и на студентите им овозможува знаења за: анализа на потрошувачите на пазарот, базирана на теоријата на корисноста и теоријата на одлучување, анализа на производството и трошоците во претпријатијата и нивната улога при донесување на деловни одлуки, како и анализа на различните пазарни структури во кои претпријатијата работат. Вториот дел ги обработува макроекономските аспекти и на студентите им овозможува понапредни знаења за основните макроекономски агрегати и проблемите со кои се соочува макроекономијата. Тука студентите ќе бидат оспособени да вршан анализи и да изведуваат заклучоци како определени промени во економијата, како што се инвестициите, промените во даночните системи, промените во меѓународната размена, промените во економските политики и тн., влијаат врз клучните макроекономски агрегати.

Предметот овозможува синтеза на знаењата од микроекономијата и макроекономијата и нивна примена во економските анализи.

 

Содржина:

Микроекономија

Дел 1: Tеорија за избор на потрошувачот

1. Ограничувања, потреби и побарувачка

2. Апликации

Дел 2: Анализа на побарувачката и понудата

3. Еластичност

4. Ефикасност на пазарот

5. Апликации

Дел 3: Теорија на производството и трошоците

6. Организирање на производство

7. Производство и трошоци

Дел 4: Структура на пазарот

8. Конкурентни пазари

9. Пазарна моќ

10. Стратегијата на конкурентност

 

Mакроекономија

Дел 5: Мерење на економијата

11. Понуда и побарувачка

12. Мерење на БДП

13. Вработеност и инфлација

Дел 6: Економија на долг рок

14. Пазарот на труд и економскиот раст

15. Финансиски пазари, штедење и инвестиции

16. Пари и инфлација

 Дел 7: Економија на краток рок

17. Агрегатната понуда и побарувачка

18. Фискална и монетарна политика

 

Литература:

  • Michael Parkin, Economics, 11th edition, Pearson ,2014
  • William Boyes, Managerial Economics Cengage Learning, 2012
  • Michael Baze, Managerial economics and business strategy, McGraw-Hill Irwin, 2006

 

Цели:

По завршувањето на овој предмет, кандидатот треба да биде во можност да ги:

1. Сфати основните економски проблеми со кои се соочуваат менаџерите на организациите;

2. Препознае карактеристиките на пазарот кои ги ограничуваат активностите на менаџерите;

3. Размислува стратешки за тоа како да се зголеми вредноста на организацијата;

4. Ја цени важноста на вкупното производство на нацијата за остварување на благосостојба на своите граѓани;

5. Сфати основните детерминанти на националниот долгорочен економски раст;

6. Објасни основните улоги на пазарите на труд, финансиските пазари и пазарите на пари;

7. Разбере основните причини за рецесии;

8. Проценува владините политики насочени кон намалување на трошоците на макроекономската нестабилност

9. Разбира, толкува и предвидува клучните макроекономски показатели во насока на носење на најдобри финансиски одлуки