Студиски програми

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИСИ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM523 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Стојан Дебарлиев; Александра Јанеска-Илиев

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИСИ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM523

Корпоративен финансиски менаџмент

2 (летен)

40

7,0

 

Предавачи:

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Доц. д-р Александра Јанеска - Илиев

 

Опис:

Предметната програма по предметот Финансирање на претприемачки бизниси е конципирана да им овозможи на студентите да ги разберат различни извори на финансирање на претприемачките бизниси и да ги поврзат во контекстот на основање на претприемачки бизниси, формите на сопственост, како и  фазите од нивниот животен циклус. Посебно внимание е посветено на алтернативните  и креативни извори на финансирање, како што се: претприемачкиот ризичен капитал, бизнис ангелите, акцелераторите, грант програмите, crowdfunding финансирањето, стратегиски партнерства и др.

 

Содржина:

  1. Претприемачкиот процес и финансирањето
  2. Основање на претприемачки бизниси, форми на сопственост и нивно финансирање
  3. Капитално наспроти должничкото финансирање
  • Традиционални извори на капитално финансирање
  • Традиционални извори на должничко финансирање
  1. Алтернативи извори на капитално финансирање на претприемачки бизниси
  • Претприемачки капитал
  • Бизнис ангели
  1. Други креативни извори на финансирање на претприемачки бизниси
  • Акцелератори
  • Грант програми за финансирање
  • Crowdfunding - финансирање
  • Стратегиски партнерства
  • Boot strap - финансирање   
  1. Процес и методологија на вреднување на претприемачки бизнис
  2. Животниот циклус на претприемачките бизниси и формите на финансирање

 

 

Литература:

  • Брус Р. Барингер и Р. Дјуан Ајреленд, Претприемаштво: Успешно почнување со нови потфати, четврто издание (превод), Арс ламина, Скопје, 2012
  • Роберт Д. Хисрич, Мајкл П. Питерс, Дин А. Шеферд, Претприемаштво, Арс ламина, Скопје, 2012

 

Дополнителна литература:

  • Norman M. Scarborough, Jeffrey R. Cornwall, Entrepreneurship and Effective Small Business Management (11th Edition), Pearson, Upper Saddle River, 2011
  • Longenecker, J.G, Petty, J.W., Palich,L.E., Hoy, F., Small business Management, Launching & Growing Entrepreneurial Ventures, 17th edition, Cengage Learning, Boston, 2014
  • Robert T. Ochtel, Business planning, Business Plans, and Venture Funding, The Carlsbad Technology Group, Inc., Carlsbad, 2009

 

 

 

Цели:

Целта на наставата по овој предмет е студентите:

  • да се запознаат со основните фази и елементи на претприемачкиот процес и важност на финансирањето на претприемачките бизниси;
  • да се запознаат со процесот на основање на претприемачки бизниси, формите на сопственост и можните начини на финансирање на одделните форми на сопственост;
  • да ги идентификуваат и категоризираат различни извори на финансирање на претприемачите бизниси;
  • да се запознаат со дополнителни креативни извори на финансирање на претприемачките бизниси;
  • да го разберат процесот и методологија на вреднување на претприемачките бизниси;
  • да ги поврзат фазите од животниот циклус на претприемачките бизниси и најсоодветни форми на финансирање за секоја фаза одделно.