Студиски програми

ФИНАНСИСКА ЕКОНОМЕТРИЈА


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM521 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Весна Буцевска

ФИНАНСИСКА ЕКОНОМЕТРИЈА

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM521

Корпоративен финансиски менаџмент

2 (летен)

40

7,0

 

 

Предавачи:

Проф. д-р Весна Буцевска

 

Опис:

Предметот ги покрива основните подрачја на брзо растечката научна дисциплина - финансиската економетрија, бидејќи во последните децении се јавува се поголем интерес за моделирање на неизвесноста поврзана со финансиските временски серии. Неизвесноста на финансиските приноси игра клучна улога во финансиските модели за ефикасна алокација на финансиските средства и менаџментот на ризикот. Целта на предметот е да ги објасни карактеристиките на главните економетриски модели кои вообичаено се користат за анализа на финансиските пазари и да ги оспособи студентите за самостојни економетриски истражувања во областа на финансиските пазари. Предавањата се изведуваат во компјутерска лабораторија со користење на програмскиот пакет EViews.

 

Содржина:

1. КРАТОК ПРЕГЛЕД НА КЛАСИЧНИОТ ЛИНЕАРЕН РЕГРЕСИОНЕН МОДЕЛ (КЛРМ)

1.1 Претпоставки на класичниот линеарен регресионен модел

1.2 Својства на оценките добиени со методот на најмали квадрати

1.3 Статистичко заклучување

1.4. Понатамошен развој и анализа на КЛРМ

 

2. МОДЕЛИРАЊЕ И ПРЕДВИДУВАЊЕ НА УНИВАРИЈАНТНИ ВРЕМЕНСКИ СЕРИИ

  1. Процеси на подвижни средини
  2. Авторегресивни процеси
  3. Функција на парцијална автокорелација
  4. АРМА процеси
  5. Градење на АРМА модели: пристапот на Box-Jenkins
  6. Конструрање на АРМА модели во Eviews
  7. Експоненцијално израмнување
  8. Предвидување во економетријата
  9. Предвидување со користење на АРМА модели во Eviews
  10. Оценување на модели на експоненцијално израмнување со користење на Eviews

 

 

3. МУЛТИВАРИЈАНТНИ МОДЕЛИ

3.1. Симултани равенки во финансиите

3.2.Структурна, редуцирана и финална форма

3.3. Триангуларни состеми

3.4. Постапки на оценување на системите на симултани равенки

3.5. Вектор авторегресивни модели (ВАР)

3.6. ВАР модели со егзогени променливи

 

4. МОДЕЛИРАЊЕ НА ДОЛГОРОЧНИТЕ ПОВРЗАНОСТИ ВО ФИНАНСИИТЕ

4.1. Стационарност и тестирање на единечен корен

4.2. Коинтеграција

4.3. Модели на корекција на грешката

4.4. Тестирање за постоење на коинтеграција во регресијата: пристап базиран на резидуалите

4.5. Методи за оценување на параметрите во коинтегрирани системи

 

Литература:

  • Brooks, C., Introductory Econometrics for Finance, 3rd edition, Cambridge University Press, Cambridge, 2008
  • Campbell, J.Y., Lo A.W. and MacKinlay, A.C., The Econometrics of Financial Markets, Princeton University Press, New Jersey, 1997
  • Tsay, R.S., Analysis of Financial Time Series, 3rd ed., John Wiley, New York, 2010
  • Taylor, S., Asset Price Dynamics, Volatility and Prediction, Princeton University Press, 2007

 

Цели:

По завршувањето на овој предмет, студентите треба да бидат оспособени:

  • да ги имплементираат генерализираните авторегресиони условно хетероскедастични модели (GARCH Models) и моделите со стохастичка волатилност (Stochastic Volatility Models) за да го претстават динамичкото однесување на неизвесноста.
  • да ги имплементираат мултиваријационите GARCH модели и моделите на стохастичка осцилаторност.
  • да ги оценат временски варирачките корелации помеѓу финансиските приноси.              
  • да ги употребуваат економетриските модели за да тестираат различни финансиски хипотези и модели, како што се на пример, тестирањето на ефикасноста на пазарите, оценка на ризикот на поединечна акција преку пресметување на нејзината вредност под ризик (Value at Risk) итн.