Студиски програми

КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM516 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Стојан Дебарлиев; Горан Коевски

КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM516

Корпоративен финансиски менаџмент

1 (зимски)

40

7,00

 

 

Предавачи:

Проф. д-р Горан Коевски

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

 

 

Опис:

 

 

Содржина:

Содржина на предметната програма:

  • Поимно определување на корпоративното управување
  • Содржина на поимот и на концептот на корпоративно управување и сличности и разлики со други  сродни научни области
  • Интерни (структура на акционерска сопственост, поделба на моќ помеѓу корпоративните органи) и екстерни (надворешни извори на финансирање, развиеност на пазарот на капитал, заштита на правата на акционерите) услови кои го определуваат конкретниот модел на корпоративно управување
  • Англосаксонски и континентален модел на корпоративно управување и нивни основни карактеристики
  • Трендови на развој на современото корпоративно управување и можности за конвергенција на различните модели на корпоративно управување
  • Правно уредување на корпоративното управување (споредбено-правна анализа)
  • Корпоративното управување во Република Македонија на општо ниво и по специфични дејности – осигурување, банкарство

 

Литература:

  • Бобек Шуклев, Корпоративно управување,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,  Економски факултет – Скопје, 2011
  • Горан Коевски, Компаративно корпоративно управување, Правен факултет „Јустинијан Први“ - последипломски студии од областа на деловното право, Скопје, 2005
  • Тито Беличанец, Александар Климовски, Тимчо Муцунски, Корпоративно управување, Правен факултет “Јустинијан Први”-Скопје, 2013
  • Горан Коевски, Права, обврски и одговорност на директорите (менаџерите) во македонските акционерски и други компании (тековни сосотојби, дилеми и перспективи), Институт на директори на РМ, Swiss Secretariat for Economic Affairs – SECO,  International Finance Corporation – IFC, 2009

Дополнителна литература:

  • Robert A.G. Monks, Nell Minow, Corporate Governance, Fifth Edition, John Wiley and Sons, Ltd., 2011
  • Christine A. Mallin, Corporate Governance, Fifth Edition, Oxford University Press, 2015
  • Morck, R.K., Ed., A History of Corporate Governance Around the World: Family Business Groups to Professional Managers, The University Press of Chicago, Chicago and London, 2005
  • David B. Audretsch, Erik E. Lehmann Eds., Corporate Governance in Small and Medium-sized Firms, Edward Elgar Publishing, 2011
  • OECD, G20/OECD Principles of Corporate Governance, OECD Publishing, Paris, 2015
  • OECD, OECD Guidelines on Corporate Governance of State-Owned Enterprises, OECD Publishing, Paris, 2015
  • OECD, OECD Principles of Corporate Governance, OECD Publishing, Paris, 2004

 

Цели:

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • Да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со корпоративното управување, како релативно нов концепт во компаниското право;
  • Да ги разберат теориите и концептите за корпоративното управување и различните модели на корпоративно управување во споредбената корпоративна практика (англосаксонски и континентален модел);
  • Да ги интегрираат добиените знаења од различните модели на корпоративно управување;
  • Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.