Студиски програми

КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM520 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Виолета Цветкоска

КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM520

Корпоративен финансиски менаџмент

1 (зимски)

40

7,0

 

Предавач:

Доц. д-р Виолета Цветкоска

 

 

Опис:

Доброто мерење овозможува да се види реалната состојба за тоа каде стои една организација во однос на тоа што сака да го оствари, но тука секогаш треба да се постави прашањето како може да се работи подобро. Квантитативната анализа како научен пристап кон одлучувањето им помага на менаџерите да донесуваат подобри одлуки и таа е во фокусот на предметот квантитативни методи за финансиски менаџмент. Со изучување на овој предмет, студентите ќе се запознаат со напредни аналитички методи и техники на квантитаивната анализа кои ќе им овозможат да одлучуваат подобро во областа на финансиите. Целта на предметот е студентите да развијат вештини за дизајн на квантитативни модели за реални финансиски проблеми и за нивно решавање со користење на Excel и на разни софтверски алатки и да можат да извлекуваат вредни информации од добиените решенија и од сензитивната анализа кои ќе им служат како препораки во одлучувањето.

 

Содржина:

(1) Решавање на проблеми и одлучување

(2) Квантитативната анализа и одлучувањето

(3) Spreadsheet моделирање

(3) Оптимизационо моделирање

(5) Повеќекритериумско одлучување

(6) Одлучување во услови на ризик

(7) Симулационо моделирање

(8) Модели за предвидување

 

Литература:

  • Виолета Цветкоска, Квантитативна анализа за финансии, Економски факултет – Скопје. (Во подготовка)
  • Barry Render, Ralph, M. Stair, Jr., Michael, E. Hanna, Quantitative analysis for management (11th ed.), Pearson Education Limited, Harlow, 2012.
  • Nagraj Blakrishnan, Barry Render, Ralph M. Stair, Jr., Managerial decision modelling with spreadsheets (3rd. ed.), Pearson, New Jersey, 2012.
  • Thomas L. Saaty, Theory and applications of the analytic network process: Decision making with benefits, opportunities, costs, and risks, RWS Publications, Pittsburgh, 2005.
  • Wayne L. Winston, Microsoft Excel 2013: Data analysis and business modelling, Microsoft Press, 2005.
  • William W. Cooper, Lawrence M. Seiford, Kaoru Tone, Data envelopment analysis: A comprehensive text with models, applications, references, and DEA-Solver Software, (2nd. ed.), 2007.

 

Цели:

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да ги применуваат фазите на пристапот на квантитативната анализа (дефинирање на проблем, развивање на модел, прибирање на податоци, развивање на решение, тестирање на решение, анализирање на резултати и имплементирање на резултати) при решавање на проблеми од областа на финансиите.
  • Да разберат како можат да се користат разни статистички, оптимизациони и повеќекритериумски методи и техники за анализирање на финансиски проблеми.
  • Да ја користат непараметарската методологија анализа на обвиени податоци (DEA) за оценување на финансиските перформанси на корпорациите.
  • Да развиваат spreadsheet модели со користење на реални финансиски податоци.
  • Да користат софтверски алатки за решавање на линеарни, симулациони и повеќекритериумски модели, како и за моделите на непараметарската методологија DEA.
  • Да ги применуваат аналитичките методи во финансиски контекст и да ги користат решенијата за донесување на подобри одлуки.