Студиски програми

МЕЃУНАРОДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM515 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Сашо Арсов

 МЕЃУНАРОДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM 515

Корпоративен финансиски менаџмент

2 (летен)

40

7,00

 

 

Предавач:

Проф. д-р Сашо Арсов 

 

 

Опис:

Во рамките на овој предмет, се изучува финансиското одлучување на компанијата во меѓународен контекст. Традиционалните полиња на финансискиот менаџмент, како што се инвестирањето, управувањето со обртните средства, финансирањето, цената на капиталот и финансиската структура се изучуваат од меѓународна перспектива. Меѓународниот аспект, во најголема мера, значи нивно надополнување со елементи поврзани со разликите кои постојат во националните валутни и даночни системи, промените на девизните курсеви, разликите во регулативата на пазарите на пари и капитал, како и политичките ризици иманентни на меѓународниот бизнис. Ваквиот приод е особено потребен за идните дипломирани економисти кои ќе работат во компании со интензивни меѓународни релации и сериозна интегрираност во меѓународните финансиски текови, што е и перспективата на целокупниот деловен свет.

 

Содржина:

  • Мултинационалното претпријатие и мултинационалниот финансиски менаџмент.
  • Девизни курсеви и девизен пазар.
  • Пазари на валутни фјучерси и опции.
  • Меѓународни финансии и меѓународни финансиски пазари.
  • Мерење на сметководствената изложеност на девизниот ризик.
  • Управување со сметководствената изложеност на девизниот ризик.
  • Мерење на економската изложеност на девизниот ризик.
  • Управување со економската изложеност на девизниот ризик.
  • Управување со обртниот капитал во меѓународен контекст.
  • Преземање инвестициски проекти во странство - цена на капиталот и капитално буџетирање.
  • Меѓународен портфолио менаџмент.

 

 

Литература:

  • SHAPIRO, Alan, MOLES, Peter, Foundations of Multinational Financial Management, John Wiley and Sons, 10th edition, 2014
  • MADURA, J. and R. FOX, International Financial Management, South  Western Cengage, 2nd edition, 2011
  • Различни автори, Одбрани статии од научни списанија

Цели:

Предметот има за цел студентите да ги оспособи:

  1. Да ги пресметуваат и интерпретираат сметководствената и економската изложеност на компанијата на девизниот ризик и да предлагаат мерки за нивно намалување.
  2. Да ги анализираат ефектите од користењето на различните финансиски деривативи и да дизајнираат соодветна стратегија за заштита од ризикот во конкретна ситуација;
  3. Да ги пресметуваат трошоците на одделните компоненти на капиталот, како и просечната цена на капиталот на компанија што користи меѓународни извори на финансирање;
  4. Да умеат да ја анализираат оправданоста на инвестициските проекти во случаите на меѓународно инвестирање;
  5. Да умеат да го утврдат приносот на портфолиото составено од меѓународни хартии од вредност, како и да извршат оптимализација на таквото портфолио во рамките на релацијата ризик-принос.