Студиски програми

МЕНАЏМЕНТ НА КОРПОРАТИВНИТЕ РИЗИЦИ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM514 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Александар Наумоски

МЕНАЏМЕНТ НА КОРПОРАТИВНИТЕ РИЗИЦИ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM514

Корпоративен финансиски менаџмент

1 (зимски)

40

7,00

 

 

Предавачи:

Доц. д-р Александар Наумоски

 

 

Опис:

Овој предмет дискутира за управување на ризикот од перспектива на современите деловни корпорации. Ние ќе ги испитаме различните видови ризици (пазарни ризици, кредитни ризици и оперативни ризици) и процедурите за управување со ризик во контекст на општата рамка за управување со ризик на претпријатието (ERM). Акцентот е ставен на теоретскиот пристап кон создавање вредност со имплементацијата на ЕRМ. Ќе ги разгледуваме прашањата за мерење на ризикот, агрегација на ризикот, евалуација на остварувањата, алокација на капиталот и стратешко одлучување. Предметот треба да даде подговтовка за сите оние кои сакаат да рзвиваат професионална кариера во доменот на менаџментот на ризикот во финансики и нефинансиски корпорации, фондови и финансиски консалтинг. 

 

Содржина:

  • Концептот на корпоративните ризици
  • Толеранција на ризик и премија за ризик
  • Диверзификација на ризици
  • Менаџмент на ризик
  • Стандарди за управување на ризик
  • Корпоративното управување и управувањето на ризикот
  • Организација на фунција за менаџмент на ризици во претпријатието
  • Менаџмент на деловното портфолио
  • Управување на пазарниот ризик
  • Управување на кредитниот ризик
  • Управување на оперативниот ризик
  • Управување на ризикот кај нефинансиските компании
  • Примена на осигурување во справување со ризици
  • Примена на деривативни инструменти за хеџирање на валутен ризик
  • Примена на деривативни инструменти за хеџирање на каматен ризик
  • Останати случаи на хеџирање со деривативни инструмнети

 

Литература:

  • Александар Наумоски, Менаџмент на ризик (компилација на материјали), Економски факултет – Скопје, 2018  

Дополнителна литература

  • Michel Crouhy, Dan Galai, Robert Mark, The Essentials оf Risk Management, 1st ed., McGraw-Hill Companies Inc., New York, 2005
  • James Lam, Enterprise Risk Management: from incentives to control, John Wiley & Sons, Inc. Hoboken, New Jersey, 2003
  • Aswath Damodaran, Strategic Risk Taking: a framework for risk management, 1st edition, Wharton School Publishing, New Jersey, 2008
  • International standard ISO/DIS 31000, Risk management — Principles and guidelines on implementation, International Standardization Organization, 2009
  • Џон К. Хул, Менаџирање на ризиците и финансиските институции, (превод од владата на РМ), John Wiley & Sons, Inc. Hoboken, New Jersey, 2011

 

Цели:

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • идентификуваат и категоризираат различни извори на ризик (пазарен, кредитен, оперативен);
  • да дизајнираат процес на управување со ризици;
  • да го разберат местото и улогата на департманот за управување со ризици во организациската структура на претпријатието и улогата на менаџерот со ризици;
  • да го разберат значењето кое менаџментот со ризиците го има за акционерите и другите стеикхолдери
  • да постават линкот помеѓу корпоративното управување и управувањето со ризиците;
  • да научат како да носат најдобри деловни одлуки, каде што се остварува највисок принос за нивото на превземениот ризик
  • извршат мерење и процена на ризикот со примена на соодветни техники и модели (VaR, сценарио анализа, стрес тест и тн.)
  • да применуваат деривативни инструменти како начин за справување со ризици (каматни, валутни, кредитни итн.)
  • да аплицираат интегрирано управување со ризици