МЕНАЏМЕНТ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
7CFM522
|
Корпоративен финансиски менаџмент
|
40
|
7,00
|
МЕНАЏМЕНТ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Шифра
|
Студиска програма
|
Семестар
|
Часови
|
Кредити
|
CFM522
|
Корпоративен финансиски менаџмент
|
2 (летен)
|
40
|
7,0
|
Предавачи:
|
Доц. д-р Игор Ивановски
|
|
Опис:
Студентите се стекнуваат со знаења и вештини за осигурувањето како специфичен процес за идентификување, квантифицирање, превземање, трансфер на ризикот и обештетување на штетите, се обучуваат за познавање и управување со осигурителните производи и корпоративните стратегии за ризик во осигурителната индустрија и со неа поврзаните индустрии, и стекнуваат напредни знаења и способности за управување и работа во осигурителните компании и интермедијари, пензиските друштва и институциите со надлежност за регулација и супервизија.
Содржина:
- Основни елементи и функции на осигурувањето
- Управување со ризик во осигурувањето
- Хоризонтална и вертикална компензација на ризикот
- Концепт и механизам на осигурување
- Технички основи на осигурувањето
- Функции на осигурувањето
- Микроекономски функции на осигурувањето
- Макроекономски функции на осигурувањето
- Интеракции на осигурувањето во финансискиот систем
- Видови, напредни елементи и операции во осигурувањето
- Неживотно осигурување
- Животно осигурување
- Реосигурување
- Пензиско осигурување
- Капитално финансирано пензиско осигурување
- Здравствено осигурување
- Организација и институции на осигурителната индустрија
- Осигурителни компании
- Осигурителни интермедијатори и дистрибутивни канали
- Регулација и супервизија на осигурителната индустрија
- Пензиски фондови и пензиски друштва
- Регулација и супервизија на пензиските системи
- Концепти на здравствено осигурување
- Управување со осигурителни фондови
- Модели на корпоративно управување во осигурителните фондови
- Корпоративни стратегии за ризик во осигурувањето
- Менаџерски аспекти во управувањето со понудата и побарувачката на осигурителни производи
- Аспекти на деловната етика во осигурувањето
- Управување со иновациите во осигурителната индустрија
- Маркетинг во осигурувањето
5.1. Улогата на маркетингот во осигурителната култура и активност
5.2. Апликација на технолошките аспекти во маркетингот во осигурувањето
7. Практични случаи(студии на случај) во осигурителната индустрија
Литература:
- Emmett J. Vaughan, Therese Vaughan, Fundamentals of Risk and Insurance (10/ed), John Wiley & Sons, Inc., 2009
- Skipper D.H. and Kwon W.J., Risk Management and Insurance:Perspectives in a global economy, Ed 1, A Wiley/Blackwell Publication, 2009
- Booth P. et al, Modern actuarial theory and practice, 2ed, Chapman &Hall, 1999(превод на македонски)
- Bodie Z&Davis P.,The Foundations of Pension Finance, Edward Elgar Publishing Limited, 2000(превод на македонски)
Цели: Изучувањето на предметот МЕНАЏМЕНТОТ ВО ОСИГУРУВАЊЕ овозможува студентите да се стекнат со напредни знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. Конкретно, знаењата се димензионирани да го конкретизираат оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање на лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во превземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансисиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.