Студиски програми

СМЕТКОВОДСТВО НА МЕНАЏМЕНТОТ И КОНТРОЛА


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM518 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Марина Трпеска

СМЕТКОВОДСТВО НА МЕНАЏМЕНТОТ И КОНТРОЛА

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM518

Корпоративен финансиски менаџмент

1 (зимски)

40

7,00

 

 

Предавачи:

Доц. д-р Марина Трпеска

 

 

Опис:

 

 

Содржина:

Содржина на предметната програма:

  • Сметководство на менаментот во функција на деловното одлучување
  • Верижна анализа на вредноста за оценка на конкурентската предност
  • Концепт на сметководство на животниот циклус на производот
  • Сметководствено планирање и изготвување на главен буџет
  • Флексимибилни планови и контрола
  • Трошочни системи за известување на добивката и вреднувањето на залихите
  • Концепт на целната цена како стратешка определба
  • Сметководството на активности во функција на определување на цена на чинење
  • Теорија на ограничувања
  • Сметководството на менаџментот во функција на определување на трансферна цена (интерни цени)
  • Сметководство на менаџментот за стратегиско планирање
  • Концептот на бенџмаркингот како најдобри практики
  • Управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловни процеси
  • Стратегија и рамка на урамнотежени перспективи, вклучувајќи финансиски и нефинансиски мерила (Balanced Scorecard)

 

Литература:

  • Марковски Слободан и Блажо Недев, Управувачко сметководство, Еконо ски факултет – Скопје, 2003

 

Дополнителна литература:

  • Horngren, Charles T., Sundem, Gary L., Burgstahler, D., Schatzberg, J, Introduction to Management Accounting, 16th edition, Pearson, New York, 2014
  • Garrison, R., Noreen, E., Brewer, P., Managerial Accounting, 15th edition, McGraw-Hill Education, New York, 2014
  • ACCA, Advanced Performance Management, ACCA, BPP Publishing, 2008

 

 

Цели:

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да ја разберат стратегијата на компанијата и нејзината важност за исполнување на целите и носење деловни одлуки
  • Да ја применуваат верижната анализа при определувањето на цените
  • Да ги споредат варијабилниот и апсорпциониот метод за определување на трошоци како систем за известување за добивката и вреднување на залихите
  • Да ги објаснат потешкотиите и импликациите од примената на целна цена во производствените и услужните дејности
  • Да го имлементираат и интерпретираат методот за утврдување на цена на чинење врз основа на активности
  • Да го објаснат значењето на теоријата на ограничување
  • Да можат да ја разберат потребата од утврдување трансферни цени
  • Да ги разберат и имплементираат системите на сметководството на менаџментот за стратегиско планирање
  • Да го применуваат концептот на бенџмаркинг
  • Да ги осознаат и применуваат техниките на управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловните процеси
  • Да ги разберат и применат системите на сметководството на менаџментот за мерење на резултатите и контрола