Студиски програми

СПОЈУВАЊА И АКВИЗИЦИИ ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
7CFM513 Корпоративен финансиски менаџмент 40 7,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски; Даниела Мамучевска

СПОЈУВАЊA И АКВИЗИЦИИ ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ

Шифра

Студиска програма

Семестар

Часови

Кредити

CFM 513

Корпоративен финансиски менаџмент

1 (зимски)

40

7

 

 

Предавачи:

Доц. д-р Даниела Мамучевска

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

 

 

Опис:

Спојувањата и аквизициите помеѓу компаниите претставува голбален феномен. Ако во 80-те години од минатиот век овој процес на корпоративно преструктурирање беше карактеристичен само за компаниите во САД, денес во овој процес активно и масовно се вклучуваат компаниите од Европа и Азија. Изучувањето на овој предмет нуди можност преку интердисциплинарен пристап и преку анализа на случаи студентот да го проучи процесот на спојувања и аквизиции помеѓу компаниите, почнувајќи од идејата/мотивите за спојување и аквизиции, избор на целната компанија, преку развој на план за спојување или аквизиции и водење на преговарачкиот процес, па се до склучување на договорот и имплементација планот за спојување или аквизиција меѓу компаниите. Посебно во фокусот на изучувањето на материјата се поставуваат стратегиските и организациските аспекти на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите, како и разработка на најчесто применуваните модели за финансиска анализа на предлозите за спојување и аквизиции.

 

Содржина:

* Воведни аспекти за спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

* Економски аспекти на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

* Правните аспекти и контролата на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

* Анализа на одделните фази на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

* Модели за финансиско оценување на предлогот за спојување и аквизиција помеѓу компаниите

* Заедничките вложувања (joint ventures) и стратегиските алијанси како алтернативи на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите

* Прекугранични спојувања и аквизиции помеѓу компаниите (трендови, мотиви и фактори)

 

Литература:

* Donald De Phamphilis, Mergers, Acquisitions and Other Restructuring Activities, Eighth edition, Academic Press –Elsivir, 2015

* Patrick A. Gaughan, Mergers, Acquisitions and Corporate Restructuring, Sixth edition, John Wiley & Sons, Inc., 2015

* Ottorino Morresi and Alberto Pezzi, Cross-Border mergers and acquisitions, Palgrave Macmillan, 2014

Дополнителна литература:

* Richard S. Markovits, Economics and the Interpretation and Application of U.S. and EU Antitrust Law; Volume II Economics- Based legal analysis of mergers, vertical practices and joint ventures, Springer, 2014

* Timothy J.Galpin and Mark Herndon, The Complete Guide to Mergers and Acquisitions: Process tools to support M&A at every level, Third edition, John Wiley and Sons, 2014

* Donald De Phamphilis, Mergers, Acquisitions and Other Restructuring Activities: An integrated Approach to Process, Tools, Cases and Solutions, Fifth edition, Academic Press –Elsivir, 2010

 

Цели:

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба:

* да се запознаат со економските аспекти и правните специфики во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите како форми на корпоративно преструктуирање

* да бидат способни да ги разберат одделните фази во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите

* да ги применуваат моделите за вреднување и оценување на предлозите за спојување и аквизиции помеѓу компаниите

* да се запознаат со процесот на управување при спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите