Сметководство и ревизија


Студиската програма на втор циклус студии – Сметководство и ревизија е во траење од 2 семестри и вклучува изработка и на магистерски труд.

Структура на предметите е следната:

  • Четири задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање
  • Два изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање и
  • Еден изборен предмет од листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје

Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.

 

Образовни цели

  1. Да обезбеди теоретска основа и практични вештини за осознавање и разбирање на барањата на извонредно комплексното и глобално сметководствено окружување;
  2. Да запознае со основните принципи на организацијата, различните пристапи на менаџмент контрола и современите методи и техники за интерно известување за резултатите на сметководството за менаџментот; 
  3. Осознавање на природата, содржината и формата на екстерното известување и одговорноста на раководството пред сопствениците и останатите корисници на финансиски информации (државните и регулаторни органи, кредиторите, деловните партнери, вработените, невладини и непрофитни организации и тн.);
  4. Помогне во разбирање на улогата на ревизорската професија во зголемување на кредибилитетот на финансиските извештаи на компаниите, државните претпријатија и институции, како и разбирање на нејзиниот придонес за подобрување на контролата и користењето на ресурсите;
  5. Да обезбеди дополнителни знаења од областа на финансиите и финансирањето на претпријатијата како и имплементацијата и користењето на компјутерски апликации за цели на екстерно и интерно известување.

 

Професионални цели

  1. Високо и специјализирано образование на кадар кој е заинтересиран за изградба на кариера во доменот на финансиското известување согласно барањата на МСФИ, ревизијата на финансиските извештаи на компаниите, интерната ревизија во банки и други финансиски и нефинансиски организации, државната ревизија, менаџмент, финансиски и даночен консалтинг, како и  останати професионални сметководствени услуги.
  2. Полесен пристап до членство во сметководствената и ревизорска професија во домашни и меѓународни рамки преку компатибилност на програмата со барањата на меѓународните образовни стандарди.

 

Во согласност со мисијата и целите на студиската програма од втор циклус студии по Сметководство и ревизија, студентите ќе се стекнат со следните генерички компетенции:

  • Способност за анализа, синтеза и критично истражување на податоци, факти и изнаоѓање на најповолно решение;
  • Способност за поврзување на теоретското и практичното знаење;
  • Способност за читање, разбирање и правилно толкување на меѓународната професионална регулатива;
  • Способност за применување и дејствување во согласност со меѓународната професионална регулатива и етика;
  • Сочинување на финансиски извештаи на сите компании, приватен и јавен сектор, како дел од нивните законски обврски.

Поконкретно, студентите ќе се стекнат и со следните специфични компетенции:

  • Сочинување на финансиски извештаи на ентитети од приватниот сектор во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување;
  • Сочинување на финансиски извештаи на единици од јавниот сектор во согласност со Меѓународните Сметководствени Стандарди за Јавен Сектор;
  • Сочинување на различни интерни извештаи и анализи во согласност со стратегијата на компаниите со цел донесување на правилни одлуки;
  • Анализирање на финансиските извештаи во насока на носење одлука било за кредитирање или за инвестирање во одредени компании;
  • Вршење ревизија на компании кои се обврзани со закон;
  • Вршење државна ревизија во сите корисници на Буџетот и единици на локална самоуправа;
  • Успешно водење на финансиите на ентитетите и носење на правилни финансиски одлуки;
  • Мерење на успешноста на ентитетите, нивната профитабилност и рентабилност давајќи насоки и препораки за подобрување на истите;
  • Користење на информативни системи како составен дел на современите трендови во сметководството;
  • Испитување на измами во рамките на ентитетите;
  • Воспоставување на сисием на интерни контроли и следење на нивното функционирање и давање препораки за нивно подобрување.

 

 Способност за проценка:

  • Способен е да набљудува и идентификува важни состојби и трендови во интерното и екстерното окружување на претпријатието, да анализира и синтетизира и извлекува заклучоци за анализираните состојби и појави.
  • Развивање и унапредување на способности за тимска работа, способност за лидерство и комуникација применливи во различни претпријатија и ситуации;
  • Способен е да ги идентификува информационите потреби и  да  управува со информациите и знаењето во организациите со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности.

 

Комуникациски вештини

  • Способен и да комуницира со идеи и да се усогласува во тимска работа;
  • Способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

 

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските концепции, да аплицира техники и методологии во специфични научни подрачја и да ги идентификуваат потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • Поседува способност да партиципира во групни дискусии, критички да анализира теоретски и практични аспекти од работењето на претпријатијата, да изработува и да ги презентира изработените проекти;
  • Способен е знаењето да го изрази преку одговарање на различни типови прашања и да анализира конкретни студии на случај од бизнис практиката.
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC 511 Екстерно известување 40 7,00 Атанаско Атанасовски
ACC 513 Ревизија 40 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC 514 Анализа на финансиски извештаи 40 7,00 Зоран Миновски
ACC 512 Стратегиско сметководство на менаџмент 40 7,00 Марина Трпеска

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC Магистерски труд 16,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC-UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC 519 Финансиски менаџмент 40 7,00 Сашо Арсов; Александар Наумоски
ACC 516 Сметководствени информациони системи и технологии 40 7,00 Зоран Миновски
ACC 517 Државна ревизија 40 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC 515 Мерење на резултати 40 7,00 Марина Трпеска
ACC 518 Испитување на измами 40 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC 520 Корпоративно управување 40 7,00 Љубомир Дракулевски
ACC 522 Сметководство за државни и непрофитни организации 40 7,00 Зоран Миновски
ACC 523 Даночно сметководство 40 7,00 Атанаско Атанасовски