Студиски програми

Сметководство за државни и непрофитни организации


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 522 Сметководство и ревизија 40 7,00
Предавачи
Зоран Миновски

Опис

Поим, улога и значење на сметководството на државни ентитети, административен и бизнис вид на активности, буџет, буџетирање и мерење на перформанси, буџетско и фондовско сметководство, финансиско известување во јавен сектор, анализа на владини финансиски перформанси, внатрешна контрола во јавен сектор, непрофитни организации и нивни перформанси, сметководство и финансиско известување на непрофитни организации, ревизија на државни и непрофитни организации

 

Содржина

1. Сметководство на државни ентитети

2. Административен и бизнис вид на активности

3. Буџет, буџетирање и мерење на перформанси

4. Буџетско и фондовско сметководство

5. Финансиско известување во јавен сектор

5.1. Финансиско известување според МССЈС

5.2. Финансиско известување според систем на национални сметки

5.3. Финансиско известување според систем на владина финансиска статистика

6. Анализа на владини финансиски перформанси

7. Внатрешна контрола во јавен сектор

8. Непрофитни организации и нивни перформанси

9. Сметководство и финансиско известување на непрофитни организации

10. Ревизија на државни и непрофитни организации

 

Литература

1. Зоран Миновски (2004) Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации , Економски факултет, Скопје

2. Earl Wilson, Jacqueline Reck, Susan Kattellus (2010) Accounting for Governmental and Nonprofit Entities , McGraw-Hill, Irwin

3. Reck, J., Lowensohn, S., (2013). Accounting for Governmental & Nonprofit Entities, McGraw Hill, New York

4. IFAC, (2014) Handbook of International Public Sector Accounting Pronouncements, New York, Jun 23, 2014

 

Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат во можност:

- да ги осознаат клучните аспекти од сметководството за државни и непрофитни организации;

- да се фокусираат на подетално запознавање на законската и професионалната регулатива во финансиското известување во јавниот сектор;

- да стекнат сознанија за содржината на буџетското и фондовското сметководство, буџетскиот процес, мерењето на перформанси и финансиското известување;

- да се стекнат со знаења кои можат да им послужат како солидна основа во подготвка и доставување на финансиски извештаи за државни и непрофитни организации, нивна ревизија, како и способност за донесување одлуки;

- да се подготват и активно вклучат во национални и меѓународни истражувачки проекти од областа на сметководството и финансиското известување на државни и непрофитни организации.