Студиски програми

Испитување на измами


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 518 Сметководство и ревизија 40 7,00
Предавачи
Зорица Божиновска - Лазаревска

Опис

Најразличните аспекти на превенција и откривање на измамите, вклучувајќи и социологија и психологија на измамите, елементи на измамата, видови на измами, користење на сметководствените контроли за спречување на измами како и методи за откривање на измами.

 

Содржина

 

  1.  Вовед во измами
  2. Измами на менаџментот
  3. Останати видови на измами
  4. Одговорност на ревизорот за измами
  5. Триаголник на измами
  6. Дијамант на измами
  7. Превенција од измами
  8. Препознавање на симптомите на измами – “црвени знамиња“
  9. Откривање на измами
  10. Истражување на измамите
  11. Обезбедување на докази
  12. Известување за измамите
  13. Правни аспекти и разрешување на откриените случаи на измама
  14. Професионални сметководители за откривање на измами
  15. Измамите во актуелните корпоративни скандали (ENRON, WorldCom, Parmalat, Adelphia, Tyco, ZZZZ-Best и др.)

 

Литература

  1. Albrecht W.S., Albrecht C.C., Albrecht C.O., Zimbelman M.F. Fraud Examination, South-Western, 2009

 

Дополнителна литература

  1. Singleton T.W., Singleton A.J., Bologna G.J., Lindquist R.J. Fraud Auditing and Forensic Accounting 3rd ed John Wiley & Sons, Inc., New Jersey 2006
  2. Leonard W. Vona, The Fraud Audit, Responding to the Risk of Fraud in Core Business Systems, John Wiley & Sons, Inc., 2011
  3. Michael Jones Creative Accounting, Fraud and International Accounting Scandals John Wiley & Sons, Inc., 2011

 

Цели

 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  1. Ги разберат причините и опфатноста на измамите и криминалните активности во економијата и општеството како целина;
  2. Ги разберат алтернативните методи за нивнот спречување, откривање и истражување;
  3. Ги препознаат елементите од триаголникот на измама и дијамантот на измама;
  4. Ја зголемат сопствената способност за препознавање на факторите на ризик од измама, идентификување на симптомите на измами и откривање на софистицираните шеми на измами инкорпорирани во финансиските извештаи;
  5. Ги разберат и применат сметководствените, ревизорските и истражните техники кои можат да бидат применети при прибирањето на докази за обелоденување на измамите за потребите на судски истраги.