Студиски програми

Ревизија


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ACC 513 Сметководство и ревизија 1 40 7,00
Предавачи
Зорица Божиновска - Лазаревска

Опис

Поим, улога и значење на ревизијата и ревизорската професија во современите економии, професионална регулатива во ревизорската професија - ревизорски стандарди, професионална одговорност на ревизорите во откривање на измамите, планирање на процесот на ревизија, фундаментални концепти на ревизијата: материјалност, ризикот во ревизијата и доказите во ревизијата, ревизорски тестови, аналитички постапки и работна документација, интерна контрола, метода на примерок во ревизијата, извештај на ревизорот, услуги за уверување, ревизорската професија во Република Македонија - состојби и перспективи, професионално образование на ревизорите.

 

 

Содржина

1. Поим, улога и значење на ревизијата и ревизорската професија во современите економии

2. Професионална регулатива во ревизорската професија - ревизорски стандарди

3. Професионална одговорност на ревизорите

4. Планирање на процесот на ревизија

5. Фундаментални концепти на ревизијата: материјалност, ризикот во ревизијата и доказите во ревизијата

6. Ревизорски тестови, аналитички постапки и работна документација

7. Интерна контрола

8. Метода на примерок во ревизијата

9. Извештај на ревизорот

10. Услуги за уверување

11. Ревизорската професија во Република Македонија - состојби и перспективи

12. Меѓународни стандарди за професионално образование на ревизорите

 

Литература

1. Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска: Ревизија, Економски факултет - Скопје, 2011

2. Messier, Glover, Prawitt: Auditing & Assurance Services, A Systematic Approach, sixth edition, McGraw-Hill, Irwin, 2008

3. Alvin A. Arens, Randal J. Elder, Mark S. Beasley: Auditing and Assurance Services, An Integrated Approach, 10th edition, Prentice Hall, New York, 2005

4. Timothy J. Louwers, Robert J. Ramsay, David H. Sinason, Jerry R. Strawser: Auditing & Assurance Services, McGraw-Hill, Irwin, 2008

 

 

Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат во можност:

- да ги прошират научните хоризонти и да ги продлабочат стекнатите знаења од областа на ревизијата за време на додипломските студии;

- да се фокусираат на подетално запознавање на професионалната регулатива во ревизорската професија (Меѓународните ревизорски стандарди на IFAC и Кодексот на етика на професионални сметководители на IFAC) и нивното имплементирање во домашната ревизорска практика;

- да ги развијат способностите за професионално расудување со манифестирање на потребната доза на професионален скептицизам, иманентни за ревизорите, придонесувањето на деловните одлуки во современите ревизорски ангажмани;

- да се стекнат со занења кои можат да им послужат како солидна основа во подготвка на испитите за стекнување на професионални звања во доменот на ревизорската професија (овластен ревизор, овластен интерен ревизор, државен ревизор и др.);

- да се подготват и активно вклучат во национални и меѓународни истражувачки проекти од областа на ревизијата.