Студиски програми

Стратегиски менаџмент


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MGT 511 МБА - Менаџмент 1 40 7,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски

Опис

Основи на стратегискиот менаџмент (карактерот на стратегискиот менаџмент, менаџерите и стратегискиот менаџмент) процес на стратегиски менаџмент, други аспекти на стратегиски менаџмент.

Содржина

  • Извршување на стратегијата
  • Карактерот на стратегискиот менаџмент
  • Менаџерите и стратегискиот менаџмент
  • Проценка на екстерното окружување
  • Проценка на интерното окружување
  • Анализа и избор на стратегија
  • Оценување и контрола на стратегијата
  • Технологија и иновација
  • Стратегиски менаџмент и малиот бизнис
  • Формулирање на стратегија

Литература

  • Thompson Jr., Arthur A. and A. J. Strickland III: Strategic Management, Concepts and Cases, IRWIN, Homewood, Illinois, (1992)
  • Шуклев, Бобек и Љубомир Дракулевски : Стратегиски менаџмент, второ издание, Универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, (2001)
  • Charles W. Hill, Gereth R. Jones: Strategic Management, An Integrated Approach, Houghton Mifflin Company, Boston, (2004)
  • Robert M. Grant: Conteporary Strategic Analysis, Blackwell Publishing, Malden, MA, (2005)
  • Hunger, David J. and Thomas L.Wheelen: Strategic Management, Addison - Wesley Publishing Company, Reading, Massachusetts, (1996)

Цели

  • Предметот Стратегиски менаџмент е конципиран на начин да им овозможи на студентите оценка и примена на клучните елементи на стратегиската анализа, избор на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија. Целта на наставата по предметот е студентите: да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување, да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент, да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент, да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти, да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.