Студиски програми

Маркетинг менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 512 МБА - Менаџмент 40 7,00
Предавачи
Анита Циунова-Шулеска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на наставата по предметот е студентите да добијат знаења од областа на управувањето со маркетинг-активностите, односно маркетинг-менаџментот. За таа цел, во наставата посебно внимание се посветува на: маркетингот и маркетинг-менаџментот, стратешката улога на маркетингот, маркетинг-околината, елементите на процесот на управување со маркетинг-активностите; планирањето на маркетинг-активностите, маркетинг-стратегиите, маркетинг-тактиките, организацијата на маркетингот, маркетинг-онтролата и ревизијата, како и на вредностa на купувачот за претпријатието во текот на периодот на лојаност кон брендот (CLTV).

Клучни зборови: Маркетинг-менаџмент, маркетинг-околина, маркетинг-планирање, маркетинг-стратегии, маркетинг-тактики

 

СОДРЖИНА

  1. Пазарно ориентирано работење и задоволството кај купувачите
  2. Пристап кон маркетинг-менаџментот
  3. Mерење на маркетинг-профитабилноста
  4. Планирање на маркетинг-активностите
  5. Маркетинг-стратегија
  6. Маркетинг-тактика (производ, цена, дистрибуција, промоција)
  7. Организација на маркетинг-активностите
  8. Маркетинг-контрола

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Циунова-Шулеска Анита, Ј. Бошко

Маркетинг менаџмент

Економски факултет, Скопје,

2008

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Best J.Roger

Market-Based Management, 3е

Prentice Hall, GB

2004

2.

Kotler Philip

Marketing Management, 11/Е

Prentice Hall, Inc.,, USA

2003

3.

Winer S. Russell

Marketing Management, 2е

Prentice Hall, Inc., USA

2004

4.

Doyle Peter

Marketing Management, 3е

Prentice Hall, Essex

2002

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

1. Студентот треба да биде оспособен да ги примени основните портфолио матрици за анализа на деловното портфолио на претпријатието при избор на стратегијата на ниво на претпријатие

2. Студентот треба да биде оспособен да направи SWOT анализа врз основа на анализа на екстерната и интерната околина на компанијата.

3. Студентот треба да ја дефинира маркетинг-стратегијата и маркетинг-тактиката преку познавање на основните инструменти на маркетинг-миксот и концептите на сегментирање, таргетирање и позиционирање.

4. Студентот треба да биде оспособен да донесува најдобри одлуки во врска со тоа дали да се применат некои маркетинг-активности преку испитување на финансиските и другите ефекти т.е. последици од тие одлуки.

5. Студентот треба да ги разбира основните видови маркетинг-контрола и истите да ги примени во оценката на остварувањето на планираните резултати.

6. Студентот треба да знае како се управува со односите со купувачите, како се мери задоволството, лојалноста и ретенцијата на купувачите, како и маркетинг-профитабилноста.