Студиски програми

Нови можности и претприемништво


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 519 МБА - Менаџмент 40 7,00
Предавачи
Таки Фити

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да ги објаснат:

  1. филозофијата и природата на претприемништвото, моќта на претприемачите да креираат нови можности преку иновации, прифќање ризик, рекомбинација на производните фактори и нивно насочување кон точките на најпродуктивната употреба;
  2. Креирањето и стартирањето на претприемничка фирма, бизнис планот, неговите содржини и пристапи за негова изработка;
  3. Развојните фази на типично претприемничка фирма и доминантните форми на нејзино финансирање во различните фази, со посебен осврт на иновативните форми на финансирање на претприемничката фирма - бизнис ангелите, официјалниот ризичен капитал и иницијалната јавна  понуда;
  4. Суштината на претприемничкото општество - примената на претприемништвото на ниво на МСП, големи корпорации, единици на локална самоуправа, непрофитен сектор и новите мерки на поддршка на претприемништвото;
  5. Состојбите и проблемите на претприемништвото и можностите што  ги нуди за развој на македонската економија.

11.

Содржина на предметната програма:

  1. Филозофијата, природата и суштинските карактеристики на претприемништвото (иновација, ризик, рекомбинација на факторите на производство и реалокација на факторите кон точките на најефикасна употреба)
  2. Креирање и стартување на претприемничка фирма
  3. Бизнис план - содржина, карактеристики и подготовка
  4. Финансирање на типично претприемничка фирма по развојни фази
  5. Улогата на 3F парите
  6. Улогата на бизнис ангелите
  7. Улогата на официјалниот ризичен капитал
  8. Улогата на берзата
  9. Претприемничко општество - карактеристики и пристапи на поддршка на претприемништвото
  10. Состојба и проблеми и развојни можности што ги нуди претприемништвото во Република Македонија.

12.

Методи на учење: предавања, интерактивна настава, квизови, проекти, филмови, подржани со LCD и PowerPoint.

13.

Вкупен расположлив фонд на време

7 ЕКТС х 25 часови = 175 часови

14.

Распределба на расположливо време

40+15+120  = 175 часови

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања-теоретска настава

40 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

       15 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

30 часови

16.2.

Самостојни задачи

40 часови

16.3.

Домашно учење

50 часови

17.

Начин на оценување                                                                          70+20+10 = 100 бода

17.1.

Тестови

70 бодови

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна)

20 бодови

17.3.

Активност и учество

10 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

помалку од 60  бода

5 (пет) (F)

од 61 до 68 бода

6 (шест) (Е)

од 69 до 76 бода

7 (седум) (D)

од 77 до 84 бода

8 (осум) (С)

од 85 до 92 бода

9 (девет) (B)

од 93 до 100 бода

10 (десет) (А)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности од точка 15 и 16

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски јазик

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкета

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Таки Фити, Верица Хаџи Василева - Марковска и Милфорд Беитмен 

Претприемништво, изд.

Економски факултет -Скопје, Скопје

2007

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Thomas Zimmerer and Norman Skarborough

  Essentials of Entrepreneurship and Small Business Management,

Pearson Education International

  1.