Трет циклус на студии


Во февруари 2010 година, Универзитетот Св. Кирил и Методиј го донесе новиот Правилник за докторски студии, според кој тие се организирани како тригодишни студии (шест семестри) и носат 180 кредити. 

Притоа, во првите два семестра се изучуваат општи и посебни предмети, третиот семестар е наменет за подготовка на тезите за докторската дисертација, додека последните три сместри се наменети за изработка и одбрана на докторската дисератција.  
На 28.02.2012 г. Одборот за акредитација донесе Решение за акредитација на Елаборат за организирање на трет циклус - докторски студии по:  

- Демографија [елаборат]  
- Економски науки [елаборат
- Организациски науки и управување (менаџмент) [елаборат]  
- Статистички методи за бизнис и економија [елаборат]
Прегледот на структурата на студиската програма може да се преземе тука.

По јавната одбрана на докторскиот труд, студентите се здобиваат со звањето ДОКТОР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ (Ph.D.).

►  Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии


Сите уплати поврзани со докторските студии по СТАРА ПРОГРАМА треба да се направат на следната сметка:

Примач: Економски факултет - Скопје
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник: 1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма: 723011 – 41
Цел на дознака: Уплата за одбрана на докторски труд по стара програма

 

КОНКУРС  за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2014/2015 година

Дополнителни информации за конкурсот

 

ОГЛАС ЗА СМЕСТУВАЊЕ ДОКТОРАНТИ

 

Останати информации

Повеќе информации за докторските студии можете да добиете кај Дивна Симјаноска, референт за трет циклус на студии.
телефон: 02 3286 926
email: divna@eccf.ukim.edu.mk        


 

Одбрани на докторски дисертации

 

1. М-р Ива Дујак, темаПромотивни стратегии на социјалните медиуми во насока на ефективен маркетинг кај малите и средни претпријатија
Ментор: Проф.д-р Нада Секуловска
одбрана: 18.04.2017 година во 1200 часот, Економски факултет - Скопје

 

2. М-р Аземина Машовиќ, темаФактори на окружувањето и нивното влијание на перформансите на мултинационалните компании, како основа за унапредување на деловната клима во Р.Македонија
Ментор: Проф.д-р Љубомир Дракулевски
одбрана: 21.04.2017 година во 1200 часот, Економски факултет - Скопје

 



Трет циклус студии