д-р Гоце Петрески

Позиција Редовни професори
Катедра Економија
Телефон 3286-870
Емаил gpetreski@eccf.ukim.edu.mk
Приемно време

Образование: Доктор по економски науки. Области: економски развој, економски раст, инвестиции, економска анализа и меѓународни економски проблеми. Магистрирал на постдипломски студии од економски развој и методи на економската анализа. Завршил и постдипломски студии од областа на населението и развојот (во странство).

Специјализации (сертификати):

  1. Управување со големи претпријатија, Сеул, Кореја.
  2. Менаџмент и развој на мали и средни претпријатија, Токио, Јапонија.
  3. Приватизација во Германија, Бон, Германија.
  4. Финансиска анализа и евалуација, “Coopers&Lybrandt”, Скопје.
  5. Агенција за финансиски трансфери (ATTF), Луксембург, 2006.

Професионално искуство: Универитетски професор: настава од економски раст и развој, инвестиции, економија на трудот и меѓународен бизнис и други меѓународни економски проблеми - на редовни или постдипломски студии на својот и на други универзитети.

Дипломат: мултилатерална дипломатија

  1. Министер за развој во првата Влада на Република Македонија по осамостојувањето - 1991-1992.
  2. Амбасадор, постојан претставник на Република Македонија во седиштето на ОН во Женева и другите меѓународни организации во Швајцарија, 1994-2000.
  3. Претседавач на Економскиот и финансискиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, 1995-96.
  4. Претседател на Бордот за трговија и развој на Обединетите нации (UNCTAD), Женева, 1997-98.

Меѓу другото бил: шеф на поголем број национални делегации на меѓународни конференции и собири (Конференцијата за разоружување, Комисијата на ОН за човечки права, Економската комисија на ОН за Европа, UNCTAD, WIPO, WTO, ILO и др.), координатор и коавтор на антиинфлационата програма 1992. Бил консултант на Европската банка за обнова и развој – Лондон, Бил  надворешен економски советник на премиери на две Влади на Република Македонија, Гувернерот на Народната банка на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, Учествувал во преговорите за сукцесија, бил главен преговарач на Република Македонија за пристапување во Светската трговска организација (WTO) и активно учествувал во целиот циклус трговски преговори со ЕФТА и тн. Член на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Член на Blue Ribbon комисијата за реформи. Визитинг професор е на Загребскиот Универзитет.

Има објавено над 160 референци (статии, книги, истражувања). Реализирал студиски престои во Хаг, Сеул, Токио, Бон, Лондон, Рим, Стокхолм, и Бриж. Учествувал на повеќе меѓународни симпозиуми, научни и други собири (Лондон, Вашингтон, Женева, Стокхолм, Лион, Сантандер, Варшава, Атина, Букурешт, Солун, Охрид, Волос, Каиро, Јоханезбург, Лариса, Крагуевац, Бангкок, Букурештт, Бон, Осло, Луксембург и др.) Работел на повеќе научно - истражувачки проекти. Добил национална награда за труд од областа на економијата за 2002 година.

Од 2009 година е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Предмет Насоки Степен
Економија на работната сила Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Економски развој Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Политика на технолошки развој Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Технолошкиот развој и глобализацијата Економски развој и меѓународни финансии Втор циклус студии
Човечките ресурси во јавниот сектор Управување во јавниот сектор Втор циклус студии
Економски развој-теории и емпириски факти Економски развој и меѓународни финансии Втор циклус студии