д-р Славе Ристески

Позиција Редовни професори
Катедра Математика и статистика
Телефон 3286-861
Емаил slave@eccf.ukim.edu.mk
Приемно време

Роден е 1950 година. Во звањето редовен професор по предметот основи на статистичката анализа е избран во октомври 1997 год. Научната преокупација му е областа на статистичката анализа, економската статистика и демографијата. Има објавено над 50 статии во стручни списанија. Во текот на своето работење ги издал следните учебници: Статистика за менаџмент и економија, 1994 год., Основи на сметачки машини, 1996 год. (во коавторство), Статистика за менаџмент и економија - Збирка задачи, 1996 год., Економска статистика, 1997 година и др. Во 1992 година престојувал еден месец во Франкфурт, Германија на стручно усовршување. Бил шеф на катедрата по математика, статистика и информатика. Во 1998 година го публикувал второто и дополнето издание на учебникот "Статистика за менаџмент и економија". Во 1999 година го издал учебникот "Статистика за бизнис" во прва студиска година. Професорот Славе Ристески во 1998 година ја публикувал студијата "Демографските движења и процеси во Република Македонија (1948-1994)", а во 2000 година книгата "Демографска статистика - методи и анализа". Во тек на септември 1999 година престојувал на Источно - медитеранскиот Универзитет во Кипар. Од 1998 година е член на Советот за статистика на Република Македонија.

Предмет Насоки Степен
Мултиваријационa анализа Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Анализа на временски серии Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Демографски методи Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Статистика во осигурувањето Менаџмент во осигурувањето Втор циклус студии