д-р Зоран Миновски

Позиција Редовни професори
Катедра Сметководство и ревизија
Телефон 3286-864
Емаил zminovski@eccf.ukim.edu.mk
Приемно време

Роден е во 1962 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје 1986 год. Магистрирал на Економскиот факултет во Белград 1993, а докторирал на Економскиот факултет во Скопје 2000 год. (докторска дисертација: “Управување со трошоците во системот на пресметка врз основа на активностите”). На Економскиот факултет во Скопје е вработен од 1987 година.

Во звањето вонреден професор е од 2005 година. Научна преокупација му е од областа на сметководствено финансиска проблематика, а посебно државно сметководство и сметководство на непрофитни организации, финансиско и менаџерско сметководство, менаџмент на трошоци, финансиски менаџмент и др. Ја предава наставната дисциплина државно сметководство и сметководство на непрофитни организации. Во досегашниот период има објавено над 40 статии. Учествувал во изработка на 6 проекти за финансиска анализа на претпријатијата инволвирани во процесот на приватизација. На студиски престој бил во Белгија. Учествувал во изработка на проект од програмата Tемпус - Фаре под наслов “Европска димензија на образованието од областа на сметководството во Р. Македонија”, проект под наслов: “Изградба на ревизорска професија во Република Македонија во контекстот на нејзиното интегрирање во процесот на глобализација-компаративен приод со развиените економии и економиите во транзиција” и др. Бил секретар на катедрата за сметководство и ревизија. Учествувал на повеќе домашни и меѓународни симпозиуми и научни собири. Има посетувано семинари и курсеви од сметководството и ревизијата. Има објавено 3 книги: една самостојно Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации (2004); и две книги во коавторство Вовед во сметководството (2004) и Основи на сметководството-Збирка задачи (2005).

Предмет Насоки Степен
Анализа на финансиски извештаи Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Сметководствени информациони системи и технологии Сметководство и ревизија, Сметководство и ревизија (двегодишни студии) Втор циклус студии
Меѓународно финансиско известување Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Сметководство на јавен сектор Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Стратегиско сметководство на менаџментот Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Анализа на финансиски извештаи Сметководство и ревизија, Сметководство и ревизија (двегодишни студии) Втор циклус студии
Сметководство за државни и непрофитни организации Сметководство и ревизија, Сметководство и ревизија (двегодишни студии) Втор циклус студии