д-р Весна Буцевска

Позиција Редовни професори
Катедра Математика и статистика
Телефон 3286-880
Емаил vesna@eccf.ukim.edu.mk
Приемно време

Проф. д-р Весна Буцевска е родена на 18.02.1971 год. во Скопје. На Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ дипломирала во 1993 година. Во февруари 1995 година се вработува на Економскиот факултет-Скопје како помлад асистент на група предмети по статистика и економетрија. На постдипломските студии се запишала во октомври 1995 година на Економскиот факултет на Универзитетот во Белград на насоката Статистичка анализа. Во јуни 1999 година на истиот факултет ја одбранила магистерската теза под наслов „Особини на статистичките тестови„ и се стекнала со титулата магистер по статистички науки. Во 2000 година избрана е во звањето асистент на група предмети од областа на ститистиката. Докторската дисертација на тема „Статистички концепти и техники во процесот на контрола и управување со квалитетот„ ја одбранила во јуни 2002 година на Економскиот факултет-Скопје, со што се стекнала со звањето доктор на економски науки. Во звање доцент по предметот Економетрија избрана е во ноември 2002 година, а во звање вонреден професор по истиот предмет избрана е во октомври 2007 година.

Сега го предава предметот Економетрија на додипломските студии на Економскиот факултет-Скопје, а на меѓународните постдипломски студии „Statistical methods for Business and Economics„ (Статистички методи за бизнис и економија) ги предава на англиски јазик предметите Econometric Theory (Теоретска економетрија), Advanced Econometrics (Напредна економетрија) и Statistical Quality Control (Статистичка контрола на квалитет).

Има објавено пет книги, од кои четири на македонски и една на англиски јазик, шест учебни помагала на англиски јазик, над 37 научно-стручни трудови во домашни и странски списанија. Со свои реферати учествувала на 22 домашни и меѓународни научни собири и конференции од областа на најзиниот интерес.

Научна преокупација: економетрија, напредна економетрија, статистика и статистичка контрола на квалитетот.

Предмет Насоки Степен
Економетрија Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Теоретска економетрија Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Напредна економетрија Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Статистичка контрола на квалитет Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Финансиска економетрија Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Статистичка контрола на квалитетот Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) Втор циклус студии
Статистичка контрола на квалитет Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии

Проф. д-р Весна Буцевска е родена на 18.02.1971 год. во Скопје. На Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ дипломирала во 1993 година. Во февруари 1995 година се вработува на Економскиот факултет-Скопје како помлад асистент на група предмети по статистика и економетрија. На постдипломските студии се запишала во октомври 1995 година на Економскиот факултет на Универзитетот во Белград на насоката Статистичка анализа. Во јуни 1999 година на истиот факултет ја одбранила магистерската теза под наслов „Особини на статистичките тестови„ и се стекнала со титулата магистер по статистички науки. Во 2000 година избрана е во звањето асистент на група предмети од областа на ститистиката. Докторската дисертација на тема „Статистички концепти и техники во процесот на контрола и управување со квалитетот„ ја одбранила во јуни 2002 година на Економскиот факултет-Скопје, со што се стекнала со звањето доктор на економски науки. Во звање доцент по предметот Економетрија избрана е во ноември 2002 година, а во звање вонреден професор по истиот предмет избрана е во октомври 2007 година.

Сега го предава предметот Економетрија на додипломските студии на Економскиот факултет-Скопје, а на меѓународните постдипломски студии „Statistical methods for Business and Economics„ (Статистички методи за бизнис и економија) ги предава на англиски јазик предметите Econometric Theory (Теоретска економетрија), Advanced Econometrics (Напредна економетрија) и Statistical Quality Control (Статистичка контрола на квалитет).

Има објавено пет книги, од кои четири на македонски и една на англиски јазик, шест учебни помагала на англиски јазик, над 37 научно-стручни трудови во домашни и странски списанија. Со свои реферати учествувала на 22 домашни и меѓународни научни собири и конференции од областа на најзиниот интерес.

Научна преокупација: економетрија, напредна економетрија, статистика и статистичка контрола на квалитетот.

  • Tempus CD_JEP „Statistical Methods for Business and Economics” , 2006-
  • Statistics Sweden, Balkan Summer School of Survey Methodology, 2008.
  • Statistics Sweden, Balkan Summer School of Survey Methodology, 2007.
  • Statistics Sweden, Balkan Summer School of Survey Methodology, 2006.
  • Tempus IMG, 2004.
  • Tempus IMG, 2003.
  • Tempus IMG, 2001.
  • Департман по економија на Економскиот факултет “Federico Caffe“ на Roma Tre Универзитетот во Рим, Италија, април 2007 год.
  • Италијанскиот национален статистички институт, ISTAT, април 2007 год.
  • Департман по статистика на Универзитетот Carlos III во Мадрид, Шпанија, ноември 2006 год.
  • Департман по економија на Економскиот факултет “Federico Caffe“ на Roma Tre Универзитетот во Рим, Италија, октомври 2006 год.
  • Италијанскиот национален статистички институт, ISTAT, октомври 2006 год.
  • Департман по економија на Економскиот факултет “Federico Caffe“ на Roma Tre Универзитетот во Рим, Италија, август-септември 2004 год.
  • Институт за квантитативни истражувања на Универзитетот Бокони, Милано, Италија, јуни 2003 год.
  • Департман по математичка статистика на Универзитетот Чалмерс во Гетеборг, Шведска, јуни 2001 год.
  • Департман за чиста математика и математичка статистика на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, октомври-ноември 1999 год.
  • Летна школа на Централниот Универзитет во Будимпешта, Унгарија, јули 1998 год.
  • Катедра по статистика на Универзитетот во Минхен, Германија, септември-октомври 1997 год.
  • Third Balkan Summer School on Survey Methodology, Neum, 1st September-5th September, 2008.
  • International Scientific Conference “Contemporary Challenges of Theory and Practice in Economics”, Faculty of Economics, University of Belgrade, Belgrade, 26th September-29th September 2007.
  • 56th Session of the International Statistical Institute (ISI 2007), Lisbon, Portugal, 22nd-26th August 2007.
  • Second Balkan Summer School on Survey Methodology, Ohrid, 3rd September-9th September, 2007.
  • Methodology for Sample in the Production of Official Statistics, ISTAT, Rome, 26th April 2007.
  • Meeting for representatives of Tempus Joint Projects, European Commission, Brussels, 18th March-21st March 2007.
  • "Џејмс Хекмен, Нобеловци по економија", Економски факултет-Скопје, Скопје, 2008.
  • "An empirical estimation of the determinants of foreign direct investments in EU candidate countries", Statisticka revija, Belgade, 2008.
  • "Estimation methods in labour force survey", Proceedings of the Third Balkan Summer School on Survey Methodology, Neum, 2008.
  • "Ефектот од зачленувањето на земјите кандидати во ЕУ врз приливот на странските директни инвестиции-економетриска анализа", Годишник на Економскиот факултет-Скопје, Скопје, 2008.
  • "Анализа на извозот на Република Македонија: пристап според гравитацискиот модел", Годишник на Економскиот факултет-Скопје, Скопје, 2007.
  • "A Gravity Model of the Macedonian Export", ISI 2007 Book of Abstracts, 56th Session of the International Statistical Institute (ISI 2007), Lisbon, Portugal, 2007
  • "CAPI-CATI Technique in Survey", Proceedings of the Second Balkan Summer School on Survey Methodology, Ohrid, 2007.
  • "An econometric response to Basel II requirements regarding operational risks", Proceedings of the International Scientific Conference “Contemporary Challenges of Theory and Practice in Economics”, Faculty of Economics, University of Belgrade, Belgrade, 2
  • Економетрија со примена на Eviews (со CD), Економски факултет-Скопје, Скопје 2009.
  • Econometrics with Application in Eviews (CD enclosed), Faculty of Economics-Skopje, 2008.
  • Економетрија, Економски факултет-Скопје, Скопје 2004.
  • Збирка задачи по економетрија, Економски факултет-Скопје, Скопје 2003.
  • Статистика за бизнис и економија-збирка задачи за бизнис и економија, во коавторство, Економски факултет-Скопје, Скопје 2000.